Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дали го сакате Дали“ нов роман од Христо Петрески

0
By on April 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа “Феникс“ го објави новиот роман “Дали го сакате Дали“ од писателот Христо Петрески. Ова е негов трет роман, по романите “Лифтот (не) е за двајца“, награден со “Рациново признание“ и „Книжевно перо“ и “Твоите = мои очи“, со што се заокружува трилогијата негови романи посветени на градот Скопје.

Третиот роман на Петрески, “Дали го сакате Дали“, е поделен на три дела: “Бел град“, “Црн град“ и “Сив град“, а на крајот има и бонус од четири белградски раскази.

Како и во претходните романи, и во оваа најнова романескна книга, Петрески го истражува, опишува и демистифицира урбаниот живот и амбиент, со сите негови специфичности, нелогичности и тајни. Така, овојпат, главен лик е анонимниот но извонреден сликар Салватор Дали, кој е всушност питач и живее во подрумите на скопската населба Капиштец. Салватор своите ликовни дела ги подарува за топла чорба или чаша алкохол, а во Белиот, Црниот и Сивиот град се случуваат и безброј други несекојдневни нешта.

Како мешавина од реалноста и фикцијата, Петрески испишува стварносно-надреална проза, проговорува јасно и недвосмислено, жестоко и полемички, откривајќи и разгрнувајќи бројни апсурди, парадокси, случувања, појави и феномени…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.