Повикувајќи се не еден Меморандум кој кружи меѓу западните допломати, тиранскиот весnик „Тема” тврди дека Косово се наоѓа пред политичка криза, заради што Запад се залага за формирање на тхничка Влада во која ќе бидат опфатени сите парламентарни политички партии.
Поаѓајќи од изборните резултати и политичкото ривалство меѓу тамошните партии, составувачите на Меморандумот кој кружи меѓу западните дипломати препорачуваат на Косово да се формира сеопфатна техничка Влада која би имала европска агенда и која ќе ги доврши изборните реформи како и уставните промени во делот за избор на претседател и влада.
Од таквата техничка Влада се очекува да ги донесе и трите закони поврзани со Специјалниот суд за воени злосторства, а кој неодамна беше изгласан од страна на претходниот пратенички состав.
Според овој Меморандум на кој се повикува тиранскиот весник Тема, се предвидува техничката Влада на Косово да го продолжи дијалогот со Србија и веќе договореното да биде реализирано, при што приоритет треба да се даде на формирањето на Заедниците на косовските Општини.