Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Виктор Орбан повторно ги напаѓа универзитетите во Унгарија?

0
By НОВА ТВ on April 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Виктор Орбан, крајно десничарскиот премиер на Унгарија, повторно се меша во институциите на високо образование во неговата држава. Вчера унгарскиот парламент, каде Фидез, партијата на Орбан, која има двотретинско мнозинство, изгласа пакет на закони кои ќе поставуваат фондации преку кои владата би можела да ги контролира универзитетите и културолошките институции.

Предлог-законот, кој беше подготвен од заменикот на премиерот Виктор Орбан, вели дека универзитетите треба да се реорганизираат и да се водат од фондации, бидејќи современите услови бараат „повторно размислување за каква улога треба да има државата“, а фондациите наводно би управувале со институциите поефикасно.

Промената е всушност финансиска, но може да има важни ефекти врз универзитетската автономија. Влада на Орбан ќе назначи управни одбори за водење на фондациите, кои ќе контролираат значителни недвижнини и ќе имаат корист од милијарди евра од ЕУ фондовите, а истовремено имаат и значително влијание врз секојдневниот живот на универзитетите. Опозицијата го критикуваше овој потег. Како одговор на овие критики, Орбан рече дека државните универзитети не се приватизираат и дека неговата влада инвестира во високото образование давајќи им на овие фондации значителни средства.

Професорот по економија Атила Чикан на Корвинус универзитетот во Будимпешта смета дека овој потег на Орбан пробува да се спротистави во таканаречената „идеолошка војна“ во Унгарија. Односно владеењето на Орбан до сега значеше и противење од страна на владата за одредени либерални или инклузивни вредности, како правата на имигрантите и ЛГБТИ заедницата. Исто така владата на Орбан се декларира како влада со „христијански вредности“ и има активно пропагирано анти-семитизам, особено против милијардерот и филантропистот Џорџ Сорос (кој е евреин).

Стравот на тие кои ги критикуваат новите закони се состојат од фактот што преку ваква владина контрола универзитетите може да ја изгубат својата автономија. На пример, предлог-законот вели „основното очекување е дека фондациите активно да го бранат опстанокот и благосостојбата на нацијата и интересите за збогатување на нејзините интелектуални богатства“. Владата може да им даде интерпретација на овие зборови која исклучиво би ги служела интересите на Орбан и идеологијата кој тој ја поддржува.

Исто така владата на Орбан нема добра репутација кога се во прашање академските институции. На крајот на 2018, комплексна законска легислатива која наводно важеше за сите универзитети во Унгарија специфично насочена спрема универзитетот од Џорџ Сорос CEU (Central European University) кој доделуваше американски дипломи. Еден од условите беше дека странските универзитети мора да имаат и кампус во нивната матична земја ако сакаат да имаат кампус во Унгарија – услов што СЕU не можеше да го исполни бидејќи беше меѓународен универзитет без конкретна матична земја иако доделуваше американски дипломи. Поради овие очигледно таргетирани закони СЕU мораше да го затвори својот кампус во Будимпешта и да се пресели во Виена, Австрија каде што сѐ уште се наоѓа.

„Најважниот и најпозитивниот развој е спојувањето на унгарските опозициски партии. Изгледа дека тие заедно ќе се спротивстават на партијата Фидес на Виктор Орбан на изборите во 2022 година. Тоа би бил огромен чекор,“ кажа Мајкл Игнатиев, сегашниот ректор на CEU во интервју за Datum Magazine.

„Се разбира, економската криза може да создаде многу тешка состојба за Орбан, од друга страна, има развој што може да му донесе голема корист: имено, неуспехот на ЕУ да достави вакцини против „Ковид-19“ на 27-те земји-членки. Унгарија е единствената земја-членка на ЕУ што се одлучила за кинеските и руските вакцини [покрај Словачка]. Ова може да има сериозни последици врз изборите, поточно доколку Орбан може да се кандидира со тврдење дека го заштитил унгарскиот народ,” додаде ректорот на CEU. „Како што реков, сè е многу непредвидливо. Но, едно е сигурно: Орбан е еден од најнемилосрдните политичари во Европа и никој не смее да се обложува за кога тој би паднал од власт.“

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.