Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали загатката на коронавирусот е во крвните групи?

0
By Нова ТВ on June 9, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како е можно некои заразени со коронавирус дури и да не забележат дека се инфицирани, дури и не поткашлуваат, додека други завршуваат на респиратори и умираат? – Поради таквите „каприци” на коронавирусот тешко е да се процени колку луѓе всушност се заболени од Ковид-19, односно колкумина имаат веќе стекнато имунитет, се наведува во текстот што го објави „Дојче Веле“.

Крвните групи во фокусот

Сега германски и норвешки научници го анализираат текот на заразата во зависност од крвната група на пациентите. Наодите се запрепастувачки, иако студијата е објавена во форма на т.н. препринт, односно уште је нема минато проверката и критиките на научната заедница.

Експертите од Универзитетот Кил и Унивезитетската клиника во Осло под лупа го ставиле текот на болеста кај 1.610 пациенти кај кои коронавирусот предизвикал тешки респираторни проблеми. Пациентите се од Италија и од Шпанија, две европски земји кои се најтешко погодени од епидемијата, а некои од нив и починале како последица на инфекцијата со САРС-КоВ-2.

Со споредување на ДНК-материјалот на овие пациенти со примероци на крв од 2.205 здрави лица, се испоставило дека луѓе со крвна група А имаат највисок ризик болеста кај нив да добие тешка форма. Веројатноста дека заразеното лице кое има крвна група А ќе заврши на респиратор е двојно поголема во однос на заразените со крвна група О. Групите Б и АБ се некаде помеѓу.

Оние кои имаат крвна група О – нулта, во оваа ситуација може да се сметаат за среќни, но ни тие не се отпорни кон инфекција со коронавирус. Кај нив, според студијата, само ризикот болеста да добие тешка форма е најмал.

Помош во развојот на терапија

Групата А е најчеста крвна група во Европа. На оваа група во Германија припаѓа 43 проценти од населението, а во Северна Македонија – 40 проценти. Следат нулта (41 процент во Германија, 36 проценти во С. Македонија), потоа следат групата Б со десетина проценти и на крајот АБ, крвна група која во Германија на пример имаат само пет проценти од населението.

Доколку резултатот од студијата се потврди, сознанијата можат да помогнат во развој на адеквантна терапија. Одамна е познато дека различни болести различно погодуваат луѓе во зависност од нивната крвна група. Така, на пример, пациенти со нулта крвна група ретко заболуваат тешки форми на маларија, додека крвната група А има најдобар имунитет против чума.

Научниците досега редовно поаѓаа од „загрозени групи“ на пациенти, сметајќи дека во нив спаѓаат постари и хронично заболени лица, а врз основа на некои студии, и пушачите. Со крвните групи равенката на коронавирусот дополнително се усложнува.

Коронавирус Крвни групи Научна анализа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.