Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали замрзнувањето на имотот на ВМРО може да заврши и со конфискација

0
By Соња Петрушевска on November 1, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО ДПМНЕ поднесе жалба до Судот со која бара веднаш да се укине мерката која ја донесе по барање на Специјалното Јавно Обвинителство, за привремено замрзнување на целиот имот на ВМРО ДПМНЕ.

„Политичкиот прогон кулуминира. Заев одлучи да го направи последниот чекор и преку политикото СЈО  и клинтелистичкото судство да побара замзрнување на имот на ВМРО ДПМНЕ што е за првпат во историјата на Македонија“, кажа Јанушев на прес конференција.

„Целта е да се забрани политичко дејствување на секој кој се спротиставува на антидржавните политики на Заев. Вакво нешто никогаш не се случило во Европа, кон која се стремиме. Барањето на СЈО и на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно без правна аргументација. Барањата се исклучиво политички мотивирани. Прво и основно нема мандат за поведување на привремената мерка на СЈО и второ ВМРО ДПМНЕ  како правно лице воопшто не е осомничено во постапката“, рече генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.

За Јанушев е индикативно и тоа што Апелацискиот суд претходно го одбил ваквото барање на СЈО.

„Од авион се гледа дека се работи за политички прогон и се задира во правото на граѓаните да се организираат и да дејствуваат“, рече Јанушев и најави дека за случајот ќе ги информираат сите меѓународни организации во земјава и сестринските партии.

Јанушев рече дека имотот на ВМРО ДПМНЕ е во висина од 10 милиони евра.

Основниот суд Скопје 1, по барање на СЈО  донесе привремена одлука за замрзнување на целиот имот на ВМРО ДПМНЕ – вклучувајќи го и седиштето на партијата и уште 68 објекти.

Што значи мерката „замрзнување на имот“

Адвокати кои ги консултираше НОВА ТВ објаснуваат дека ваквата мерка – привременото одземање на имот или предмети заради обезбедување е уредена во член 202 од Законот за кривична постапка.

Ова значи дека по Барaње на Јавниот обвинител, Судот може во било кое време во текот на кривичната постапка да донесе привремена мерка одземање/замрзнување на имот или предмети, кои според Кривичниот Законик треба да се одземат (предмети кои се стекнати со кривичното дело) за да се спречи користење, отуѓување или располагање со тој имот или премети.

Против ова решение може да се поднесе жалба во рок од 24 часа и по жалбата одлучува Кривичниот совет, но жалбата не го одложува извршувањето на Решението. Оваа мерка ќе биде по службена должност укината, ако во рок од три месеци од денот на донесување на Решeниeто не започне истражна постапка. Кога е донесена ваква мерка, замрзнaтиот имот не смее да се отуѓува, оптоварува со залогни права, во спротивно кривично се одговaра. Доколку мерката претходно не се укине, трае до правосилно завршување на постапката и доколку се утврди со Пресуда на Кривичниот суд дека овој имот е прибавен со кривично дело се пристапува кон конфискација согласно одредбите на Кривичниот Законик.

Од ВМРО ДПМНЕ за НОВАТВ рекоа дека нема да се дозволи конфискација на имотот. „Ако биде одбиена жалбата што ја поднесовме до судот, правда ќе бараме и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, изјавија од партијата.

Во образложението на СЈО, пишува дека побарале замрзнување на имотот поради предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката.

Во „Талир“ осомничен врвот на ВМРО ДПМНЕ

Истрагата на СЈО за предметот „Талир“ започна пред повеќе од една година,  кога во Специјалното јавно обвинителство беше повикано речиси целото поранешно раководство на партијата да даде исказ.  Првосомничен во „Талир“ е  Никола Груевски за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење на пари. Тој е  осомничен дека како организатор на криминалната група составена од луѓе од врвот на партијата,  во периодот од 2009 до 2015 година искеширале незаконски средства за финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра.

Потоа за да се „исперат“ овие пари, според СЈО, биле користени различни начини, а еден од нив биле наводни уплати на жиро-сметките на партијата од различни физички лица под превозот „донации“ и „членарини“.

Дел од овие уплати биле пишувани со ист ракопис, а уплатувани во банките во рок од 20-30 секунди. Во еден ден, на пример, на овој начин биле уплатувани од 12 илјади до 30 илјади евра. Од банките до СЈО доставени се вкупно 11 886 уплатници.

Најголем дел од „испраните“ пари биле вложени за купување на недвижен имот, па така во периодот од 2009 година до 2015 година биле склучени 71 договор за купопродажба на недвижен имот.

На прес конференција во мај минатата година,  од СЈО изјавија дека „ првоосомничениот овозможил за ВМРО-ДПМНЕ да бидат обезбедени услуги од ГП Бетон Скопје преку јавна набавка. Има основано сомневање дека второосомничениот склучил договор за коинвеститорство од 79 милиони денари, а вкупните вложувања на Бетон биле 556 милиони, од кои 442 милиони била вредноста на објектот, а 131 милион денари биле уплатени на сметка на партијата на име регулирање на меѓусебните права и договори за коинвеститорство. Ова всушност било донација на Бетон за ВМРО-ДПМНЕ. Според законските одредби, преку договор за јавни услуги, оваа компанија не можела да биде и донатор“.

СЈО уште од лани бараше замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ, но Судот го одби ваквото барање. Одлуката на Судот за замрзнување на партискиот имот, следува по интервјуто на партискиот претседател Христијан Мицкоски кој најави дека раководството на партијата размислува да го продаде седиштето на партијата или да го даде под закуп.

Истрагата за Талир ја спомена и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков во писмото што  ги испрати до партискиот претседател Мицкоски. Мијалков напиша: Кој и како издејствува, ти Христијан кој беше ставен во предистражната постапка за предметот Талир, поврзан со финасирање на партијата во време кога ти беше генерален секретар, да бидеш тргнат од листата? Дали ти не се испазари за самиот себе на грбот не само на другите, туку и на Македонија и на нејзиното уставно име?“ напиша Мијалков.

Во истрагата на СЈО за Талир беа опфатени вкупно се осомничени 11 лица за перење пари, од кои 9 лица како директни извршители и 2 помагачи.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.