Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Талир“ на СЈО: И луксузните вечери на ВМРО-ДПМНЕ дел од обвинението

3
By Нова ТВ on June 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2017 13:31

Се јадело скапо и квалитетно, а се плаќало со донациите кои што СЈО ги спори како такви, овој заклучок може да се изведе од мениjата кои ги придрижуваат фактурите на партијата ВМРО-ДПМНЕ доставени во Судот во предметот „Талир“ за нелегално финансирање.

НОВА ТВ од судски извори доби дел од фактурите и мениjата за угостителските услуги коишто ги плаќале ВМРО-ДПМНЕ. Од доставените плаќања може да се заклучи дека партиските функционери најмногу сакале да се гоштеваат во, според многумина, елитниот скопски ресторан „Воденица“.

Во последните пет години партијата секоја година за својот роденден на лето нарачувала кетеринг од „Воденица“. Од плаќањата може да се види дека секоја година се плаќала иста сума за тој кетеринг – 10,000 евра.

 

 

Овие фактури ги придружуваат и соодветните мениjа кои ги одбирале во ВМРО-ДПМНЕ. Канапеa со крем од горгонзола и бадем, канапеa со чаден лосос, пршута или капрезе се само дел од изборот од првото мени од 600 денари по лице кое го одбрала партијата. Второто мени чини 1,200 денари по лице и во него има розбиф со крем, тортелини со вргањ, карпачо салата и ред други специјалитети.

Во ресторанот „Воденица“ има и други плаќања на вечери во висина од 40,000 до 60,000 денари за неколку лица. Ова се приватни вечери на високи функционери на партијата. Според кажувањата на сведоци со коишто разговараше НОВА ТВ овие вечери често завршувале и неплатени.

Забавите пак, кои ги организирале за обичното членство биле скромни. На пример, за една комитска вечер се одело во ресторанот „Под Кале“ каде што мени сосе пијалок како пиво и евтино вино и ракија чинело од 300 до 500 денари. Многу често членовите на ВМРО-ДПМНЕ и самит се плаќале за забавите. Така на пример, во ресторанот „Градина“ се организирала Комитска вечер каде што членовите самите си плаќале по 300 денари мени.

„Еднаш се собраа, си платија, ама почнаа да нарачуваат и други пијалоци требаше да се доплати. Еден висок функционер и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои беа таму рекоа дека немало смисла, тие ќе доплателе. Никогаш не доплатија“, вели вработен којшто сакаше да остане анонимен.

Во обвинението на Специјалното јавно обвинителство „Талир“ кое што го истражува нелегалното финансирање на партијата се тврди дека партијата се финансирала со таканаречени „црни пари“ кои потоа на имиња на членовите се уплаќале на сметките. Членовите, наводно, често немале ниту поим дека ова се случува, затоа што висок партиски член носел празни уплатници кај членството на потпис.Парите потоа се легализирале преку купување имот и услуги. Затоа СЈО ги користи сите нивни трошоци или создадени обврски за да докаже дека потоа се трошеле парите од наводните црни донации.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.