Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Западот може да ја добие борбата со Исламската држава?

0
By Нова ТВ on October 2, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европски официјални лица се очекува да се сретнат следниот месец во обид да најдат одговор на речиси невозможно прашање: Додека трае бомбардирањето на цели на Исламската држава, како да се спречат борци на Исламската држава со европски пасоши да се вратат назад во Европа и да се одмаздат?

Јан Пјер е директор на фирма за обезбедување МОСЕКОН, во Берлин:

„Тоа од што тие навистина се плашат е враќањето на овие „странски борци“ со искуството, поддршката и обуката што ја имале на Блискиот исток, да извршат напади овде“, вели тој.

Тој додава дека силните безбедносни системи на Европа може да одбијат напади на домашна почва, за што се загрижени претставници на Еврпската унија, но европските симболи и луѓето во странство веќе се мети.

Минатата недела, француски турист бил обезглавен во Алжир, откако милитантите бараа Франција да престане да учествува во бомбардирањето на цели на Исламската држава.

Во САД, портпаролот на Пентагон, адмиралот Џон Кирби вели дека запирањето на офанзивата против Исламската држава не е опција:

„Ќе биде потребно сите инволвирани да вложат сериозен напор. Веруваме дека станува збор за години. Не можам да кажам колку точно, но ова што го правиме нема да е завршено за неколку дена, или недели, или месеци.“

Но, некои аналитичари на Блискиот исток велат дека повеќегодишна кампања нема да ја победи групата Исламска држава. Тоа би можело да ја направи групата уште посилна, вели директорот на Американските стратегиски студии во Бејрут Камел Вазне.

„Не смеете да кажете дека ќе требаат години. Години? Тоа би значело дека ќе видите повеќе регрутирање отколку што ќе видите уништување на терористичката инфраструктура. Мора да дадете временска рамка“.

Сегашната воздушна кампања одамна требаше да се случи, па сепак не е ни приближно доволна, додава тој. Бомбардирање од воздух нема да ги порази, како што се верува, десетиците илјади милитанти кои држат големи територии во Ирак и Сирија со тешко наоружување, вели тој.

„Кога велите дека сакате да се борите со тероризмот, мислите дека мора да се борите со тероризмот. Мора да дојдете до сета сила што ја поседувате и да се борите. И мора да се борите од воздух и понекогаш и од копно“.

Ако Запад не сака да испрати трупи на теренот, според Вазне, треба да се координира со сириската влада да се избори со Исламската држава во Сирија. Американскиот претседател Барак Обама го обвини сирискиот претседател Башар Асад за извршување на акти на тероризам против сопствениот народ и отворено ги поддржува умерените бунтовнички групи внатре во Сирија.

Но, граѓанската војна во Сирија веќе стана регионална битка и Исламската држава се заканува на границите со Турција, Иран и Либан. Владата на Асад, и покрај прекршувањата на човековите права, има востановена инфраструктура и институции, и Вазне вели дека може да е единствена авенија кон мир.

Но безбедноста внатре во Сирија под Асад нема да трае долго, додава тој, доколку подлабоките прични за чувството на несигурност – вклучувајќи ги сиромаштијата и екстремистичките идеологии – не се искоренети со истата сила што коалицијата ја употребува против милитантите.

извор:Гласот на Америка на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.