Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали знае некој кој е Доналд Трамп?

0
By Биљана Секуловска on November 11, 2016 ВЕСТИ, КОЛУМНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од дописникот на НОВА од Вашингтон, Биљана Секуловска

Доналд Трамп е една од најголемите енигми воопшто, на светската политичка сцена. Иако неговите ставови се познати и тешко проголтани, далеку од сварени, сепак никој не би се обложил дека се што кажал и би посакал Трамп, тоа и навистина и ќе го добие светот.

Оттука и самиот тој може да се пречкрта- кога сте претседател, сопствените желби, приватните страсти и фрустрации ви се длабоко закопани на листата. Особено кога сте претседател на најмоќната земја во светот. Сега анализите и коментарите на американските опинион- мејкери можете да ги згужвате како лист од хартија и да ги фрлите во првиот кош- или, да ви станат Библија. Самите аналитичари всушност, преку сопствените идеи и коментари тоа ви го препорачуваат. Сите до еден признаваат дека не знаат што да очекуваат од Трамп.

Каква невидена досега ситуација- не знае ни тој самиот што да очекува од себе. Затоа што Трамп е непредвидлив. Изгубен во секоја смисла и фокусиран во исто време. Интелигентен, самоуверен, нарцис, но во исто време ги голта поинаквите ставови и совети. Она што му се замерува е дека не сака да чита, тој не чита книги воопшто, тоа е губење време за него можеби, кој ќе знае? Но, тоа не му ја намалува способноста да ги апсорбира сите значајни информации, кои му ги сервираат советниците, асистентите, сите вработени, но и семејството, особено Иванка Трамп, која внимателно ја слуша и ја цени, конечно.

5009

Она што ги загрижува креаторите на политиката во Вашингтон е една особина на Трамп со која досега безгрижно се расфрлаше- нема нерви за долги состаноци, брифирања во детали, сослушување, изложување на про и контра аргументи кои траат бескрајно, според неговото мерење на времето. Неговите претходници беа особено горди на длабинските анализи кои заедно со соработниците ги правеа, траеја со денови и ноќи пред да се донесе вистинското, според нивните ставови, правилно решение.

Бил Кинтон велел дека неговите средби со соработниците не биле обични дебати- се чувствувал како да се работи за семинари. Барак Обама се шегувал дека тој знае многу повеќе за некои области од неговите соработници. Но Трамп, тој е се што тие не се. Нема трпение, слуша но само ако не му го губите времето подолго од тоа што тој може да дигестира, последниот соговорник веројатно ќе му биде и клучниот, едноставно сте го импресионирале затоа што е тоа последниот нечиј аргумент па остава впечаток. Освен тоа, тој е експлозивен, бучен, темпераментен, иако сите се сеќаваат и на гласните расправии на Бил Клинтон во Овалната соба. Но, тоа е можеби единственото заедничко што го имаат.

Трамп сака да го сакаат, да му кажуваат колку добри потези повлекол, не трпи критики, не сака да биде ставено под прашање неговото мислење, никако неговите одлуки. Но каков пресврт- тој вработува луѓе кои му се спротивставиле или го блокирале. За да може тоа истото да им го стори нив, кога ќе дојде време. Непријателите да ти бидат блиску, така тој сака да владее. Она што го подвлекува неговиот нарцизам дополнително го комплицира неговото политичко владеење, затоа што да се биде ексцентричен, самозаљубен бизнисмен е сосема поинаку од креирање на политика и лидерство во таа смисла.

tramp-i-obama-20161109_ap_evan-vucci_new-york_di011340536_preview_1000x0

Со изборната кампања тој тоа го стори, ми вели Џин, вработена во една моќна фондација и заради тоа не сака да и биде откриен идентитетот. Тој сакаше да ги слуша луѓето и покажуваше дека ги разбира, за разлика од Хилари Кинтон која нема ништо заедничко со нив, ниту пак глуми дека им е блиска. Трамп можеби глуми, но тогаш тоа тој маестрално го прави.

Времето ќе покаже, ми вели Џин, што добија оние кои гласаа за него, или светот изгубил многу. Зависи од неговата интелигенција- дали ќе го прилагоди карактерот и темпераментот за новата позиција- не само политичар, тој е сега претседател на Америка и светот трепери што навистина е овој човек- иден лидер кој со резерва ќе ги слуша оние кои му велат дека е голем лидер со вистинки потези. Ќе ги ислуша оние кои му укажуваат на грешките и ќе помисли- време е за поправање, ревидирање, не за суета. Или е само бивш бизнисмен кој не може да ја види големата слика на историјата која тој ќе ја создава. Трамп ќе го даде одговорот многу брзо, веројатно побрзо од што се надеваме.

енигма политичка сцена Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.