Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Далибор Георгиев кој почина во Идризово оставил писмо дека бил тепан во затворот

0
By Менче Атанасова Точи on January 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пет месеци по смртта на Далибор Георгиев кој почина во затворот Идризово под неразјаснети околности, неговата мајка Панда тврди дека пронашла писмо во неговите лични работи кои и биле вратени од затворот.

Георгиева за НОВА вели дека во писмото, кое го открила случајно во една од книгите кои ги читал во затворот, Далибор напишал дека бил тепан од чуварите. Писмото го завиткал неколку пати во еден проспект, кој потоа го ставил меѓу страниците на книгата. На белиот лист хартија пишува: „Мамо ме тепаа чуварите и директорот.“ На крајот од писмото Далибор се потпишал.

Веднаш по ова, Панда отишла кај адвокатот која го води случајот и го покажала писмото. Ги споредиле двата потписи, тој во писмото и оној што бил напишан на кориците од книгата. Се покажало дека се исти.

„Двата потписи се исти. Јас го познавам ракописот на Далибор. Лесно може да се докаже дали е ова неговиот потпис. Тој неколку дена пред смртта се жалеше дека е тепан во затворот и еве ми пратил и порака“, изјави за НОВА Панда Георгиева, мајката на починатиот Далибор.

Далибор почина на 3 септември во затворот Идризово. Неговото семејство никогаш не го доби наодот од обдукцијата. Тие тврдат дека на телото од починатиот имало модрици, а на вратот траги од давење. Го фотографирале пред да биде погребан, по што случајот е пријавен во Хелсиншкиот комитет и кај Народниот правобранител.

„Не знам од кого што, на вратот беше тепан и. Постојано плачеше викаше „Мајко јас ќе умрам, не ми кажуваше од што, си го однесе во гроб“, раскажува Панда Ѓорѓиева, мајка на починатиот Далибор.

Мајката на Далибор, бара да и се даде наодот од обдукцијата за да ја види која е причината за смртта на нејзиниот син. Таа бара одговор дали од кого бил тепан нејзиниот син и дали тоа е причината за неговата смрт. Таа веќе ангажирала адвокат за да ја истера правдата до крај.

Во Извештајот од извршената обдукција, кој им го дале во затворот, како причина смртта е наведена интоксикација (мешано труење со разни лекови), што според експертите кои ги консултираше НОВА преставува самоубиство или убиство доколку некој му ги давал со сила. Но, во горниот агол на Извештајот стои дека починал од насилна смрт. Дали станува збор за грешка или Далибор навистина починал од насилна смрт треба да покаже истрагата. Нема објаснување од што се модриците и отоците по лицето и телото на починатиот затвореник.

Како што објави НОВА пред три месеци, за семејството е мистерија што се случувало три дена пред да почине, кога на неговата мајка не и било дозволено да го посети, но и самиот тврдел дека има проблеми.

„Во саботата не ме пуштија сум задоцнила, не ми дозволија да го видам. Далибор ми се јави ми рече биди тука да го прашам чуварот дали ќе те пуштат да влезеш. Не ме пуштија, чуварот ми рече да си одам или ќе ме тепа. Ми се јави Далибор, ми вика мајко оди си! Јас си отидов и во понеделникот дојдов повторно и пак не ме пуштија, сите работи останаа, само синот да беше жив“, се присетува на тие моменти Панда.

И неговата сестра Васка раскажува како три дена пред да почине на телефон и се жалел дека има проблеми. Не кажал за што се работи.

Се сомневаме дека е тепан, дека е малтретиран, имаме слики, пред да почине се слушнавме на телефон, ми кажа дека има проблеми. Од фотографиите се гледа дека е целиот со модрици, сакаме правдата да излезе на виделина“, изјави Васка Ѓорѓиовска Мемет.

Далибор во затворот помина четири и пол месеци. Беше осуден на пет години затворска казна за педофилија, со обвинение дека покажувал порнографски фотографии и извршил полов напад на малолетничка.

Во затворот Идризово никогаш не излегоа со детали која е причината за смртта на Георгиев иако најавија дека по добивањето на наодот од обдукцијата ќе го сторат тоа. Директорот на затворот Живко Пејковски тогаш изјави дека затвореникот престојувал четири месеци месеци во затвор и дека се лекувал со метадонска терапија. Тој потенцираше дека причините за смртта не се утврдени и затоа телото било предадено на обдукција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.