Членот на лустраторската комисија Чедо Дамјановски денеска пред новинарите обелодени дека пред еден месец имал директни закани по живот од надворешни фактори, за што ја известил и полицијата.
Тој денеска пред новинарите кажа дека за време на седниците на Комсијата добивал директни закани по животот и семејството од претседателот Томе Аџиев, дека „ќе го обесел по завршување на мандатот“, објасни Дамјановски.
>>ВИДЕО:Лустрирани Томе Серафимовски и Слободан Богоевски
Инаку вчера беа лустрирани академик Томе Серафимовски и екс-разузнавачот Слободан Богоевски кој во моментов се наоѓа за притвор, а само Дамјановски гласаше против, што стана веќе пракса, во огромен број лустрациски случаи со кои тој не се согласува.