Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данела против законот: Спротивно на судската одлука детективот реизбран за директор на МКЦ

0
By Ана Василевска on June 5, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Данела Арсовска
Данела Арсовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2023 16:01

Пишува: Ана Василевска

Никола Алексов, детектив по професија кој беше именуван за вршител на должноста директор на Младинскиот културен центар а чие нерегуларно поставување го утврди Управниот суд со пресудата на 28 април, е повторно именуван на 20 мај со решение од градоначалничката на Данела Арсовска.

Како што тврдат извори на НоваТВ, членовите на Управниот одбор на МКЦ имајќи ја предвид пресудата, укажале и се противеле на одлуката за реименување на Алексов, но решението било потпишано од Арсовска и истото се држи во тајност.

Како што стои во пресудата на Управниот суд „решението за именување вршител на должност број 08-616/ 1 на 17.01. 2023 година на градоначалникот на Град Скопје, СЕ ПОНИШТУВА“

Понатаму во образложението на судот јасно е потенцирана незаконитоста на постапката за избор на Алексов.

„Оценувајќи ја законитоста на оспореното Решение, Судот најде дека истото е незаконито поради правилата на постапката, односно од причина што истото содржи такви суштествени недостатоци, што ја спречуваат оценката на законитоста на истото.“, пишува во образложението на пресудата.

Прашината која се крена околу самоволието на Арсовска и назначувањето на несоодветен кадар на местото на директор на МКЦ, почна од денот на неговото назначување. Тогаш пак Арсовска обвини за наводни нерегуларности во работата на институцијата.

По овие обвинувања, програмските уредници на Младинскиот културен центар, излегоа на прес конференција, и побараа да престане мобингот и заканите кон вработените, и доколку има нерегуларности тие да се докажуваат по законски и правен пат. Тие беа децидни дека поставувањето на директорот кој е професионален детектив, е политизација и партизација на институцијата и бараат да се отвори фер и регуларен конкурс за избор на квалификуван директор на МКЦ.

Но, потоа правадата ја побараа на суд од каде што стигна пресудата. Сепак, за Арасовска таа не е важечка.

 

 

Данела Арсовска МКЦ Никола Алексов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
ФОКУС
December 30, 2025

Москва: Поради украински дронови големи делови од градот останаа без струја

ВЕСТИ December 30, 2025

Масовен прекин на електричната енергија го погоди Московскиот регион оставајќи стотици илјади жители без струја,…

Трамп: Уништивме голем магацин – САД извршија копнен напад врз Венецуела  

December 29, 2025

Сведочења: Судењето за дискотеката „Пулс“ денеска

December 29, 2025

Трамп по средбата во Флорида: Донбас останува “трнлива тема“

December 29, 2025
ТИКЕР

Отстранети шаторите пред српското собрание каде што престојуваа контра блокадерите

December 29, 2025

Вонредна состојба во најголемиот град во САД

December 27, 2025

Револт на Тајмс Сквер поради билборд со напис „Исус е Палестинец“

December 26, 2025

Да се верува или не – нафталин запалил пати во банка во Бугарија

December 25, 2025

10-те најпопуларни земји во светот во 2025 година

December 24, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.