Деветата јавна личност која ја поддржа кампањата на БИЛКА за легализација на канабис е пејачката Дани Димитровска.
– Истражувањата покажуваат дека пушењето канабис не го зголемува ризикот на добивање конкретни форми на канцер на гради, глава или врат кај возрасните уживатели на канабис – вели Дани во видеото.
Досега поддршка за кампањата дадоа Огнен Јанески, Мими Поп Алексова, Ирена Ристиќ, Марко Новески, Дарко Костовски, Цеце Трајковска, Наталија Теодосиева и Гоце САФ.

