Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данке, Чешка и Словачка

0
By Биљана Секуловска on December 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Можеби е добро што ќе се создаде барем еден ден, кога министерката Захариева ќе здивне. Ќе се осами, како што тоа мора некогаш да им се случи на политичарите, ќе замолчи за миг и ќе почне да размислува. Од каде прво да се почне.

Ќе ги распореди асистентите и потрчковците пред неа, таа војска која се принудила да клима со главата кога се даваат главните команди- овојпат, таа посакала да биде затрупана со знаење.

Енциклопедии, веројатно Британика, научни дела, тешки и правливи книги, мувлосани архиви, документи полни со историски сознанија. Тоа се премногу различно и произволно толкувани вистини, за одеднаш да бидат дигестирани, купишта томови и материјали, за кои е потребна навистина повеќе од една деценија напорен труд, за да се сфатат барем магловито историските патокази, ако сакате да стигнете до сегашноста, и да ја разберете иднината.

Но, олеснителната околност е дека и нема секогаш само една вистина во изучувањето на историјата, околу што модерните научници се сложуваат, освен некои навистина јасни и непорекливи факти.

Но, изненадувања во првиот пат читање на историските читанки секако дека ќе има Захариева, не само околу учеството на Бугарија во фашистичката окупација, или во улогата на Тито и Живков, подобро познат како Тато. Овие два профили со филигранска писателска вештина и сериозен научен багаж ги извезил  Евгениј Дајнов, во неговиот текст во бугарскиот весник “Дневник”, преведен во порталот “Независен” -“Тито против Тато? Нема западен политичар кој ќе го избере Тато”.

Захариева дополнително ќе се сепне ако го погледне само периодот на Варшавскиот пакт и инвазијата на Чешка, наречена Операција Дунав и дипломатскиот план- наречен Доктрината на Брежњев. Уште повеќе ќе се стаписа кога ќе види кои земји влегле во таа окупација. Меѓу нив, била и Бугарија- а целта уште повеќе може да ја шокира- да се запре Прашката пролет на Александар Дубчек и реформите на либерализација, за да се наметне зацвртување на авторитарноста на Комунистичката партија на Чехословачка.

Верувам дека ова биле здодевни и неинспиративни историски теми за Захариева, се до денот кога Чешка и Словачка ставија вето донесувањето на заклучоците за проширувањето на амбасадорите на ЕУ. Прага и Братислава се спротивставија на бугарските барања, што стана компромисен предлог на германското претседателство- да биде со златни букви додадена реченицата- “погрешно толкување на историјата”. Чешка и Словачка оваа блокада вака ја објаснуваат: “Поимот за фалсификување на историјата, за нас би бил огромна штета за процесот на проширување и потенцијално може да донесе дополнителни компликации на патот, Ние нема да дозволиме Унијата да биде судија на нашата споделена историја, како се идентификуваме себеси и јазикот што го користиме”.

Вакво писмо до ЕУ можеше да биде испратено од македонската Влада уште првиот ден, кога започна тероризирањето од страна на Бугарија со ставањето на вето. Можеби и  имало, се е можно, но не сум чула за него, можеби сме станале во меѓувреме глуви, слепи и неми, по децениските малтретирања со ЕУ со кои се соочуваме капнати, премалени и многу, многу уморни. Единствено, неуморна останува Захариева, се до денот кога навистина ќе реши да се осами и здивне, и почне да ја прелистува црната историја, со чие разбирање само може да се дојде до светли мисли кај политичарите, за да се досегне иднината. Поинаку, може да се дојде до ситуација во која, како што би рекол Евгениј Дајнов, незнаењето да убива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.