Пратениците во данскиот Парламент го поддржаа предлогот на владата да испрати седум борбени авиони „Ф-16“ како дел од меѓународната коалиција која изведува воздушни напади против припадниците на терористичката организација Исламска држава.
Со 94 гласа „за“ и само 4 против, Данците донесоа одлука за испраќање четири оперативни и три резервни авиони, како и 140 пилоти и припадници на воздухопловните сили на период од четири години.
Авионите ќе бидат базирани во Кувајт и нема веднаш да бидат распоредени во Сирија.
Според ослуката, Данска исто така ќе испрати 120 експерти во Ирак, кои ќе бидат задолжени за обука на ирачките и курдските борци кои се борат против ИСИС.