Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дац до Борисов со „Целувката на Ана“: Љубовта и пријателството бараат разбирачка, а ние мора да се разбереме

0
By Нова ТВ on December 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонски актер Драган Спасов Дац, преку објава на Фејсбук се обрати до бугарскиот премиер Бојко Борисов.

ФБ стаусот ви го пренесуваме во целост:

Господине Борисов,

Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач.

Господине Борисов,

Кај нас првиот комшија е како роднина.

Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто.Дали ти требало шеќер, брашно, леб, клешта, помош да се пренесе нешто… тука е првиот комшија.

Ако не си во добри односи со првиот комшија, ќе треба за едно штрафче да одиш спрат подолу или погоре, но тој не ти е прв комшија, затоа што веќе си има свој прв комшија.Сигурен сум дека тоа е случај и кај вас, па ќе ме разберете за што ви зборувам. Ние сме срдечни луѓе, полни со љубов, кои знаат да сакаат кога се сакани. Има и од оние другите, но такви има секаде. Лесно е да се мрази, тешко е да се сака, затоа што љубовта и пријателството бараат разбирачка, а ние мора да се разбереме.

Господине Борисов,

Со Александар направивме еден проект кој се вика “Љубовен пасош”, каде пееме љубовни песни од целиот регион. Досега имаме македонска песна, грчка песна, српска, босанска, влашка, руска, турска, бугарска… Мисијата на нашето дуо е да шириме љубов преку музиката.Сите тие се прекрасни песни, испеани со многу љубов, а за песната и љубовта – нема граници, посебно ако не ни треба превод за да ги разбереме зборовите.

Нашите два јазика се слични и оттаму вие без проблем ја слушавте нашата преработка “Корона чао”, дури и ја споделивте на вашата ФБ страница.Колку повеќе јазици разбира човекот, дотолку е побогат.

Еве, слушнете ја “Целувката на Ана”, песната која неодамна ја отпеавме во оригинал на бугарски јазик, како дел од “Љубовниот пасош” и да не дозволиме наместо од првите комшии, да се симнуваме спратови подолу за било каква помош.Затоа што тие, долу или горе, веќе имаат свои први комшии.

Поздрав од Дац и Александар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.