Обвинителството мора што поскоро да ја заврши истрагата за случајот „Рекет“ и да даде одговор на многу прашања што останаа отворени-зошто е нешто преземено или не е преземено, вели адвокатот Звонко Давидовиќ, во дневникот на ТВ24, за тоа зошто под истрага за овој предметот не е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Тој смета дека обвинителката Вилма Рускоска е таа што треба да даде одговори, за да нема шпекулации во јавноста.
-Како размислува Вилма Русковска јас не знам. Очигледно во јавноста има друга перцепција затоа и овие шпекулации и приказни кои се предат околу предметот, вели тој.
-Како размислува Вилма Русковска јас не знам. Очигледно во јавноста има друга перцепција затоа и овие шпекулации и приказни кои се предат околу предметот – смета тој.
Според Давидовиќ, да се работеше за некој друг на местото на Јанева, тој веќе ќе беше во притвор.
-Тоа можам да го споредам со ситуацијата во која до сега сме се наоѓале како бранители, уништување на докази апсолутно ќе предизвикаше барање и донесување на мерка притвор, вели Давидовиќ.
Давидовиќ додава дека е неуверлива изјавата на Јанева каде вели дека нејзиното име е злоупотребено во аферата.
-Да кажете дека сте специјален јавен обвинител кој раководи со целокупната држава, кој е надлежен за цела територија на Република Македонија, и за сите снимки кои се многу моќно орудие, дека сте можеле да бидете злоупотребени, тогаш сигурно не сте можеле да седнете на тоа место, ако некој сакал да ве злоупотреби, рече Давидовиќ.




