Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давитковски: Чекам лидерите да се согласат на средба

0
By Нова ТВ on August 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Комисијата 24 декември Борче Давитковски чека да се согласат на средба со него лидерите на двете страни, Груевски и Заев, за да дојде до позитивно решение, изјави Давитковски за НОВА.

Понудата за пролонгирање на рокот до вторник дошла од Брисел и следната фаза треба да биде лидерска средба заедно со Давитковски. Тој појаснува дека има уште неколку разлики кои треба да се усогласат, за да следи конечен извештај од Комисијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пак излезе на прес-конференција каде информираше за основниот камен на сопнување, исфрлањето на новинарите на 24 декември.

-ВМРО-ДПМНЕ прифати формулација за уставни прекршување при употреба на сила и отстранување на пратениците од собраниската сала, но не беа подготвени да констатираат противуставност при отстранување на новинарите од собраниската сала на критичниот ден.

На 24 декември, Груевски донесе одлука, а Трајко Вељаноски ја прифати. Одлуката беше да се испратат полицајци во Парламентот со наредба да се исфрлат од собраниската сала прво новинарите, а потоа опозиционите пратеници. Секако, однапред знаејќи дека притоа по неколку основи се крши Уставот на Македонија. Груевски ќе остане запаметен по децата што просат околу сите објекти што ги изгради тој во центарот на Скопје, но ќе биде запаметен како премиер која на најдрзок можен начин го крши Уставот на Република Македонија исполнувајќи ја својата алчна потреба за пари, за време на криза и сиромаштија, рече Заев.

Според него, достоинството и дигнитетот на новинарите за опозицијата е еднаков со оној на пратениците.

Во меѓувреме, дел од македонските медиуми информираат дека сите опции се отворени откако пропадна и последниот обид на ад хок комисијата да се расчистат случувањата од 24 декември.

Порталот Прес 24 повикувајќи се на свои извори во ВМРО-ДПМНЕ објавува дека целосно се неточни информациите дека останало отворено само прашањето за исфрлањето на новинарите од собраниската сала.

Изворите на Прес 24 велат дека сведоци за тоа се претставниците на меѓународната заедница, а таквите брифинзи од како што велат, опозициските претставници се само обид за додворување пред новинарската фела.

Денеска биле исцрпени сите обиди да се најде финалниот извештај и дека не се планираат нови средби како и дека во индина, сите опции се отворени.

Од ВМРО – ДПМНЕ нема објаснување, што значи ставот, „Сите опции се отворени“ но нема ниту демант дека уште пред Нова Година можно е одржување на предвремени парламентарни избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
ФОКУС

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

ВЕСТИ October 14, 2025

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е најбогата со донации, барем ако се гледаат првите 10 денови од кампањата…

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.