Борче Давитковски, претседателот на експертската комисија за 24 декември, прати порака до новинарите дека дури вечер ќе има информации за јавноста за работата на комисијата.
Ова е одговорот на Давитковски на СМС порака на еден од новинарите кои во Домот на пратениците чекаат исход од тоа што се случува внатре и како тече изготвувањето на извештајот од страна на членовите на комисијата- претставници на двете политички партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ.
Според СДСМ отсуството на премиерот Груевски кој денеска отиде во Штип да отвори индустриска зона, претставува несериозност и чин на одбегнување на договорност за извесен неуспех кој го форсира ВМРО – ДПМНЕ за извештајот на комисијата. НОВА очекува коментар за текот на разговорите и од членот на комисијата Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ.
Денеска се очекува ад хок Комисијата за 24 декември на седница да ги донесе заклучоците за расчистување на настаните од инцидентот, кој предизвика исфрлање на пратениците на опозицијата, но и на новинарите од Собраниската галерија.
Неофицијално, извори вклучени во преговорите за НОВА велат дека тешко може да биде донесено било какво решение и дека скоро е невозможно, со оглед на спротивствените ставови за вината за 24 декември.