Комисијата продолжува со работа утре за да се разговара за отворените прашања, информираше пред малку претседателот на комисијата Борче Давитковски.
– Сега се отворени сите опции, се надевам дека ќе најдеме сили да ја решиме оваа работа. Средба со лидерите на партиите најверојатно ќе нема, ќе се обидеме во полн состав на комисијата да ги решиме спорните прашања, кажа Давитковски.
Како што НОВА веќе објави останува спорнo и се уште не е утврдена повреда на Уставот при бркањето на новинарите од собраниската галерија, за што се уште нема договор меѓу двете страни СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ.
Членовите на комисијата од ВМРО – ДПМНЕ прифатиле дека постои прекршување на Уставот во отстранувањето на пратенците од собраниската сала.