Традиционално и годинава дебармаалци се собраа пред култната кафеана „Идадија“ за со греана ракија и вино да си ја честитаат Новата година. Со песна и оро си посакаа здравје и бериќет.
Според традицијата денеска се крши лепчето, а стариот кум му го предава кумството на новиот, со развиорен барјак и песната „Ој, Вардаре Македонски“.
Оваа традиција потекнува од 1928.та година и трае се до денеска, а новите генерации ја пренесуваат од година во година.