Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од блиските роднини на функционерите се повлекоа од работните места

0
By Соња Петрушевска on February 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синот на пратеникот Горан Мисовски даде отказ на работното место во Агенцијата за осигурување, потврди пратеникот за НОВА.

Мисовски кажа дека неговиот син бил привремено вработен во Агенција за осигурување која го контролира приватниот сектор. Огласот траел една недела, а тој бил единствениот пријавен кандидат.

Ги исполнувал сите услови, вклучувајќи го и ИТ Мајкрософт сертификатот. За вработувањето, Мисовски ја информирал и Антикорупциската комисија.

И мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов се повлече од работното место во Централен регистер.

„Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери“, рече Костадинов.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски претходно за денеска најави први резултати по реакциите во јавноста за случаи на непотизам со вработувања во институциите на лица блиски до функционерите на власта.

Оставките следуваат по притисокот во јавноста дека блиски роднини на функционери се вработуваат во државни фирми.

Посебно се истакнуваа примерите  со пратеничките Мира Стојчевска – нејзиниот син беше вработен во ЕЛЕМ,а братот во РЕК Битола и на пратеничката Милева Ѓорѓиева – синот се вработи како инспектор за јавна безбедност, снаата  во општина Радовиш на неопределно време, а братот како педагог во ОУ „Атанас Нивичански“ со несоодветно образование.

Антикорупционерите составија листа од 18 вработувања кои најавија дека ќе ги преиспитаат – вработувањето во ЕЛЕМ на  сестрата на министерот за култура Асаф Адеми и на  сопругот на државната секретарка во МВР  Магдалена Несторовска, на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери, вработувањето во МЕПСО на сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, вработувањата во училишта  на сопругата на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, на сестрата на пратеникот Александар Кирацовски, на сопругата на градоначалникот на Општина Неготино, вработувањето во МВР на сопругата на пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Премиерот Заев вчера изјави дека очекува дел од блиските на функционерите да се повлечат.

„Тоа е лош пример иако се работи за мала бројка, а токму функционерите треба да бидат добар пример како да се однесуваат граѓаните. Ако ние им наложиме нешто ќе потврдиме дека е тоа надвор од закон, етика или слично. Се работи за личен чин кој очекувам тие да го направат. Правиме детална анализа. Се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци“, рече Заев.

Од ДУИ не ги коментираат вработувањата на блиски роднини на нивни функционери.

Поради претседателските избори, сите вработувања се стопирани.

„Во периодот од распишување до оддржување на изборите за претседател и за градоначалник во неколку општини не смее да се почне било каква изградба на објекти со буџетски и јавни средства, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати што не се редовни месечни исплати и не може да почне ниту постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции“, информира Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.