Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Денеска први откази за вработените роднини на функционери

0
By Нова ТВ on February 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 19, 2019 14:46

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите во јавноста за случаи на непотизам со вработувања во институциите на лица блиски до функционерите на власта.

– Ќе се повлечат луѓето, првите резултати ќе ги видите денеска, но да оставиме тоа да бидат конкретни чекори најавени од самите луѓе во овој процес, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поевтин роаминг со Грција.

Тој најави дека многу бргу Владата ќе го презентира законот за високораководна служба, што, како што рече, ќе овозможи деполитизација на менаџерските позиции и ќе значи и гаранција за процесите за вработување и за изборот на луѓе.

Манчевски појасни дека изборот ќе го врши комисија со претставници и од институцијата, но и надвор од нив, и оти ќе се оди чекор понатаму од концептот со формирањето на Комисијата што ги избираше членовите на Антикорупциската комисија.

– Одиме дури и чекор понатаму. Не на пример како што беше изборот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата  каде што имаше четворица претставници од Собранието и тројца од надвор. Во оваа комисија ќе бидат подеднакво, ако не и во мнозинство, лицата кои се надвор од институциите. Тие ќе го прават рангирањето и ќе достават  листа од најдобрите три или пет кандидати, наведе Манчевски.

Како што најави, по завршување на претседателските избори треба да се воведе и ограничување на бројот на лица кои може да бидат вработени на определено време.

– Оваа работа ќе почне да се разрешува денеска, а законските решенија ќе влезат во процедура. До крајот на изборите имаме забрана за секаков вид вработувања, така што тоа ни дава доволно време да ги поставиме системот и законите за да бидат во сила веднаш кога ќе завршат изборите, изјави Манчевски.

Веднаш по изјавата на Манчевски, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов изјави дека неговата мајка денеска ќе даде отказ на работното место во Централниот регистар во Струмица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

ВЕСТИ June 22, 2026

Преговорите на високо ниво меѓу САД и Иран, кои се одржуваат во Швајцарија, треба да…

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.