Published: Saturday, January 3, 2026 13:01
Според Давид Смолански, портпарол на венецуелската опозициска фигура Марија Корина Мачадо, која е и добитничка на Нобелова награда за мир, американските сили, за време на нивната полноќна операција,
нападнале најмалку две воени бази во Каракас, пристаништето и комуникацискиот центар во градот.
Меѓу целите на нападите биле воената база Фуерте Тиуна, воениот аеродром Ла Карлота во Каракас, комуникацискиот центар Ел Вулкан и пристаништето Ла Гваира на карипскиот брег.
Извори од венецуелската опозиција, за „Скај њуз“ изјавиле дека ова било „договорено заминување“ на Мадуро од власт, без да дадат подетално објаснување.




