Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествуваат на Регионална конференција „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“

0
By Marta Pesevska on October 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Собрание на РСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Арбер Адеми и Љупчо Пренџов, денеска и утре во Тирана, учествуваат на Регионална конференција на тема „Улогата на парламентите во Берлинскиот процес“, што се оддржува во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес на 16 октомври во албанската престолнина.

Конференцијата, ја отвориле претседателките на Собранието, Линдита Никола и на Комисијата за европски прашања, Јорида Табаку, министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на Република Албанија, како и претседателката на РСС, Маљинда Брегу, кои ја нагласиле потребата за вклучување и моделирање на парламентарната димензија во Берлинскиот процес како додатна вредност и можност за зајакнување на регионалната соработка на параламентите на земјите од Западен Балкан.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, во рамки на темата, обраќање имал претседателот на Комисијата за европски прашања, Адеми, кој честитајќи и го првото претседавање на Албанија со Берлинскиот процес, како прва земја од земјите од Западен Балкан, изразил поддршка на иницијативата за вклучување на парламентарната димензија во процесот.

Адеми истакнал дека активното учество на парламентите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, ќе резултира со посилна регионална соработка, ќе придонесе за помирување и издигнување над недоразбирањата од минатото, и ќе не насочи кон подобра и посветла иднина на регионот.

– Нашата географска поврзаност како балкански земји, во услови кога споделуваме исти вредности и имаме исти цели, природно не упатува на потребата од регионална соработка, и тоа на сите полиња. Во таа смисла, потребна ни е повеќе интеграција, пред реализацијата на нашето членство во Европската унија, што всушност во одредена форма е и дел од овој процес, рекол Адеми.

Во врска со улогата на парламентите во Берлинскиот процес, Адеми нагласил дека треба да се гледа многу пошироко, односно како можност, преку пратениците да бидат претставени интересите на граѓаните.

Самитот на Берлинскиот процес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.