Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демант на АД Електрани на Македонија

0
By Нова ТВ on February 19, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АД Електрани на Македонија ги демантира наводите објавени  во текстот  „ЕЛЕМ го раскина договорот за РЕК, можна е тужба во Париз“.

Порталот наведува дека основна цел на модернизацијата на котлите во ТЕ Битола е продолжување на работниот век на термоелектраните. Со модернизацијата на ТЕ Битола 2 и 3, таа цел и е реализирана. Животниот век на предметните термоблокови од 200.000 работни часови веќе е постигнат и надминат, а со модернизацијата на котлите согласно барањата на АД ЕЛЕМ, тој е продолжен за уште 120.000 работни часови. Ваквиот зафат беше потребен и оправдан затоа што доколку не се спроведеше, термоблоковите во РЕК Битола денеска ќе беа нефункционални. Станува збор за исклучително сложени техничко технолошки системи кои не трпат било какви импровизации. Повремените застои се сосема вообичаени во вакви и слични постројки, не само кај нас, туку и секаде во светот. Станува збор за вообичаени технолошки погонски процеси кои се присутни во ТЕ Битола, од вклучувањето на блоковите во производство пред четири децении, но очигледно само во Македонија, на таквите настани особено во последните десетина години им се дава политичка димензија. Одредени поединци со години се обидуваат да заработат дневно политички поени само за да ги скандализираат сите погонски настани и тековни активности во комбинатот.

Понатаму, како што пренесува Нова ТВ, АД ЕЛЕМ го раскина договорот со изведувачот затоа што и после процесот на оптимизација, изведувачот не успеал да постигне дел од декларираните техничко технолошки параметри содржани во тендерската документација. Иако е постигната примарната цел да се продолжи работниот век на термоелектраните и да се намали емисијата на азотни оксиди согласно строгите ЕУ директиви, дел од поставените барања не се реализирани според очекувањата. За ова сведочи и писмен документ во кој стручна работна група од АД ЕЛЕМ и РЕК Битола формирана за таа намена, како и консултантот во процесот германската компанија „RWE“ потврдуваат дека дел од бараните параметри во фазата на оптимизација не се постигнати. Како инвеститор на зафатот, инсистираме сите декларирани перформанси без исклучок да бидат постигнати, согласно бараните параметри. Тоа е политика на компанијата, не само за овој проект, туку за сите зафати кои ги реализира во рамките на својата дејност.

И на крај, целосно ги отфрламе тезите дека увозот на електрична енергија во земјава е резултат на модернизацијата на РЕК Битола. Не е точно дека Македонија повеќе увезува после предметниот зафат. Како што веќе објаснивме, со либерализацијата на пазарот за електрична енергија, што како процес се одвива во изминативе десетина години АД ЕЛЕМ нема законска обврска да обезбедува електрична енергија за сите потрошувачи.

Целиот демант можете да го прочитате на следниот линк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025
ФОКУС

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

ВЕСТИ October 19, 2025

Ѕвоната денес биеја на плоштадот „Свети Петар“ додека папата Лав XIV канонизираше седум нови светци…

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

October 18, 2025

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

October 18, 2025
ТИКЕР

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.