Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демантот на Филхармонија е само таканаречен демант

0
By Zoran Ivanov on January 10, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Филхармонија сама си признава дека испушта од работа личност која позади себе нема само уметнички успеси низ светот и беспрекорно работно досие во институцијата, туку и огромни искуства во образовната дејност. Дали сега Дијана пречи и со своето образование и претходно работно искуство? “Разбирливо е”.

Дино Имери

Денешниот така наречен “ДЕМАНТ” од Филхармонија всушност самиот по себе претставува ПОТВРДА за следните работи:

Филхармонија (или авторот на демантот?) смета дека е “РАЗБИРЛИВО” да се ограничи пристапот во јавните културни институции на лицата на кои им престанал работниот однос. Но, не грижете се – ќе Ви биде дозволено да си ги земете Вашите лични предмети, аранжмани, нотни записи, енциклопедии, композиции, биро и книги во договор со обезбедувањето.

Замислете, некој оваа (не)разбирлива реченица прво ја смислил во глава, а потоа одлучил јавно да ја објави за ние да ја проголтаме и прифатиме како начело по кое треба во иднина да се водиме.

Филхармонија во овој текст фактички и материјално признава дека работното место на Дијана требало да биде на НЕОПРЕДЕЛЕНО време, а истовремено свесно не ја користи можноста да го трансформира. Напротив, сега смета дека повеќе НЕ ИМ Е ПОТРЕБНО ова работно место бидејќи немало значително зголемување на концертите во текот на сезоната.

Уште еден гаф кој покажува дека некој во Филхармонија не знае (?) како се одвива работниот процес на нототеката и динамичната потреба од распишување, нотографија, барање на материјали и сѐ што јасно стои во описот и пописот на работното место, па ја врзува потребата од местото со бројот на концертите. Дали е во прашање професионално непознавање или обид за релативизирање на работното место сега откако нели, не било потребно, а треба да биде на неопределено, било работно место на пензиониран, побарале согласност за определено, ама не го ставиле во план! Всушност, се прашувам дали во овој момент Филхармонија воопшто ЗНАЕ што сака и што ѝ е потребно?

Според текстот, Филхармонија никогаш не ѝ ветила вработување на неопределено време (иако требало да биде од почетокот на неопределено!?), па го споменува и претходното работно место на Дијана како наставник и корепетитор во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”.

Значи, не само што претходното работно место нема никаква врска со сегашниот спор, туку Филхармонија сама си признава дека испушта од работа личност која позади себе нема само уметнички успеси низ светот и беспрекорно работно досие во институцијата, туку и огромни искуства во образовната дејност. Дали сега Дијана пречи и со своето образование и претходно работно искуство? “Разбирливо е”.

На крајот од така наречениот “ДЕМАНТ” Филхармонија се обидува на некој начин да ја релативизира кредибилноста на Дијана, јавно изнесувајќи суми на хонорари за чесно сработени дела во согласност со сите законски регулативи, при тоа додава суми од концерти кои таа ги сработила во период пред воопшто да заснова работен однос во оваа куќа.

НЕВКУСНО, но “разбирливо”.

Заклучок: Уметниците кои ја носат публиката во Вашата зграда со својата работа на високо професионално ниво, уметниците кои ја претставуваат државата во светот, сите културни работници кои го даваат својот максимум на работното место НЕ МОЖАТ да Ви нанесат штета на угледот и реномето на институцијата. Тоа можете да го направите САМО ВИЕ!

 

 

дино имери демант на демант филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.