Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократите во Конгресот на САД: Ќе ја браниме УСАИД до крај

0
By Zoran Ivanov on February 4, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократските конгресмени во САД го оспорија „очигледниот обид“ на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спои Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД со Стејт департментот, што го доведува во прашање финансирањето на програмите за помош ширум светот, вклучително и милијарди долари во развојна помош за Украина.

Како што јавија американските медиуми, пратениците се собраа пред седиштето на УСАИД во центарот на Вашингтон за да го критикуваат, како што го нарекоа „незаконски маневар“ на извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, кого Трамп го задолжи да го намали обемот на владиното трошење.

Тие го одржаа собирот во знак на протест по извештаите дека вчера на вработените во агенцијата им било кажано да не доаѓаат на работа, а потоа им бил забранет пристап до официјалните мејлови и други сметки, додека агенцијата се чини дека е во процес на затворање, јавува Радио Слободна Европа.

Џејми Раскин, претставник на државата Мериленд, вели дека не знаат кои се мотивите на Маск, „но тие немаат никаква врска со она што легално го усвои народот на САД преку Конгресот.

„Ќе ја браниме УСАИД до крај“, додаде тој.

Сенаторот Крис Марфи од Конектикат рече дека потегот на новата администрација создал уставна криза и вети дека ќе се бори против неа.

Народот одлучува како ќе се трошат нивните даночни пари. Илон Маск не одлучува, рече тој, исто така говорејќи пред зградата на УСАИД.

Марфи го нарече овој потег „обид да се предаде владата на неколку неизбрани милијардери и корпоративни интереси“, но нагласи „нема да им дозволат да го сторат тоа“.

УСАИД е независна владина агенција основана од Конгресот во 1961 година и има приближно 10.000 вработени ширум светот.

 

уаид спас демократи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.