Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демократскиот сојуз им откажа љубов на ЛДП и на ДОМ за локалните избори?!

0
By Biljana on July 14, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помалите политички партии кои се дел од владејачката Коалиција „Можеме“ се уште калкулираат дали на изборите за градоначалници во октомври ќе настапат соло или ќе останат дел од Коалицијата.

Од Демократскиот сојуз велат оти нема да брзаат со одлуката бидејќи се уште во партијата се правеле анализи околу претстојните локални избори.

„Демократскиот сојуз се подготвува за избори, но се уште размислуваме околу одлуката дали ќе настапиме како дел од Коалицијата или самостојно. Сите опции се отворени. Ни требаат уште десетина дена да ги направиме сите анализи и проценки пред да излеземе со конечна одлука“, вели Павле Трајанов во изјава за НоваТВ.

И во НСДП се уште нема дефинитивен став околу настапот на претстојните локални избори.

„Вечерва ќе имаме состанок со претседателите на сите Општински организации, ќе разговараме околу темата како да се настапи на престојните локални избори.  Потоа расположението на општинските организиации ќе биде ставено на разгледување на Извршниот одбор колку што е можно побрзо, по што ќе излеземе со став дали ќе настапиме самостојно или како дел од Коалицијата со СДСМ“, изјави за Нова ТВ, претседателот на НСДП, Тито Петковски.

ЛДП и ДОМ, преку соопштение обелоденија дека вечерва ќе ја објават заедничката коалиција, во која, за сега ќе бидат само овие две партии. Лидерот на ЛДП, Горан Милевски кусо ни одговори дека покрај соработката со ДОМ, отворени ќе бидат и за учество на граѓански активисти, но не ни даде одговор дали постои можност сепак да коалицираат и со СДСМ.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, пак не упати на вечерашната промоција на новото граѓанско движење на центарот, каде ДОМ и ЛДП ќе потпишат декларација за соработка.

Од партијата Достоинство, се децидни дека и за изборите за градоначалници ќе ја продолжат соработката со СДСМ.

Нова ТВ дознава дека покрај актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов ќе биде ставен во анкетата како едно од предлог имињата за кандидат за Аеродром за што конечен став за тоа кој ќе влезе во трката сепак ќе треба да донесе членството. Инаку, Ангелов, повеќе од 20 години е жител на Општина Аеродром.

Владејачката СДСМ по вчерашната седница на Извршниот одбор, ги објави имињата на првите 30 кандидати за градоначалници, вклучително и за Скопје, од кои дури 27 имиња се актуелни носители на локалната власт и ќе се борат за втор мандат.

Претседателот на партијата Зоран Заев на прес конференција истакна дека овие имиња биле избрани како фаворити по спроведени испитувања на јавното мислење и консултациите со членството. За останатите општини, СДСМ се уште спроведува анкети и анализи помеѓу членството и граѓаните, а конечната листа за сите општини ја најавија за следниот месец.

За сега е неизвесна и соработката за локалните избори помеѓу најголемите коалициони партнери СДСМ и ДУИ. Заев вчера најави нова средба со Ахмети до крајот на овој месец, но дали ќе има заеднички кандидат за некоја општина, вели ќе зависело од личноста која ќе биде кандидирана.

„До крајот на јули ќе одржиме средба. Веќе работните групи работат. Еден од условите да седнеме заедно е дека треба да има профилирани кандидати. Тоа е многу важно затоа што ниту Заев ниту Ахмети ниту Мицкоски или кој било не ги носи гласачите во свој џеб па да ги истури на гласачкото место. Гласачите мора да бидат поврзани со личноста. Затоа реков, локалните избори се избори на личност. Партиите имаат влијание, но пресудна е личноста. Многу е важно врз основа на тие анализи да ги правиме коалициите. Очекувам со нашите партнери да имаме најголем процент соработка во првиот круг, во еден дел во вториот круг, во еден дел после изборите“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Инаку, од партијата на власт неодамна брифираа дека партнерите од Коалицијта „Можеме“ имале состанок кон крајот на минатиот месец, а премиерот Заев побарал од нив до 15 јули да донесат конечна одлука дали на изборите за градоначалници ќе настапат со заеднички кандидати како дел од Коалицијата или трката ќе ја водат засебно.

Биљана Божиновска

локалн избори 2021 локални избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.