Во текот на изминатата ноќ демолирани се нови две пекари во Србија, Нови Сад чии сопственици се Албанци. Се работи за пекарите „Европа“ и „Ас Пек“.
Како што информираат српските медиуми, во пекарата „Ас Пек“ фрлен е молотов коктел и изгорен е ентериерот на објектот.
„Европа“ пак е каменувана, а српското „Радио 021“ пренесува дека хулигани упаднале во објектот и им се заканувале на работниците кои работеле ноќна смена. Разбојниците ги искршиле прозорите на пекарата.
Нападите врз објекти на албански сопственици започнаа во Војводина во текот на вчерашниот дек во Сомбор.
Во Нови Сад каменувана е и пекарата „Војвоѓанка“ а во една пекара во Стара Пазова фрлена е и бомба.
Претседателот на Собранието во Војводина, градоначалникот на Нови Сад и многу од партиите ги осудија ваквите разбојништва.
Нападите следат по инцидентот по кој во вторникот вечерта беше прекинат фудбалскиот меч помеѓу Србија и Албанија.
Полицијата засега ги нема откриено напаѓачите.