Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден Д- Пресуда за случајот Груевски vs Петковски

0
By Нова ТВ on July 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пресудата за случајот Груевски vs Петковски се очекува да биде соопштена денеска, во 12.30 часот во Основниот суд Скопје 2- тужбата на премиерот се однесува на изјавата за неделен Фокус на Петковски дека Груевски се согласил за промена на името.

Премиерот Груевски ова тврдење на Петковски во судницата го отфрли со зборовите:

– Овие невистини ги доживеав многу емоционално, со чувство на загриженост и внатрешен немир од можноста ова тврдење да биде прифатено- и само мал дел од мојата потесна и поширока средина, дека јас сум прифатил промена на името.

Тужителот пак, од своја страна не прифаќа дел од доказите на одбраната.

Г-динот Петковски подоцна ќе дава изјава и според репортерот на НОВА, Сашка Цветковска, се очекува процесот долго да трае, а не се исклучува можноста да се донесе пресуда уште денес.

Сепак, во изјава за интервју за НОВА Бујар Османи, портпаролот на ДУИ го истакна заедничкиот став на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, односно на власта за неопходноста од промена на името.

Во најголем дел прашањата на одбраната, односно на адвокатот Миодраг Вујиќ кој го застапува Тито Петковски се одбивани, односно тужителот се противел на прашањата на одбраната во најголем дел, а судијата ги прифаќал приговорите на тужителот.

Тито Петковски во својот исказ изјави дека премиерот е човек што не трпи навреди, а своите јавни говори ги користи да навреди други луѓе. Тука судијата го прекинал Тито со образложение дека тоа не е предмет на судењето и треба да се зборува само за предеметот на тужбата – се однесува на изјавата за неделен Фокус на Петковски дека премиерот Груевски се согласил за промена на името.

Премиерот Груевски побарал од Петковски 15 000 евра за нанесување душевна болка.

Петковски оваа недела во интервју за НОВА изјави дека очекува да ја добие тужбата од Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.