Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден на бранителите и бранителките на Украина

0
By Соња Крамарска on October 14, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украина на државно ниво започна да го слави Денот на бранителите токму на 14 октомври 2014 година. Годишниот државен празник е воспоставен со Указот на претседателот на Украина „За Денот на бранителот на Украина“ од 14 октомври 2014 година бр. 806 за одбележување на храброста и херојството на бранителите на независноста и територијалниот интегритет на Украина, воените традиции и достигнувања на украинскиот народ, за помагање на натамошното зајакнување на патриотскиот дух.

Од 2021 година, овој меморијален ден е официјално наречен Ден на бранителите и бранителките на Украина. Жените застанаа заедно со мажите во одбрана на Татковината во различни периоди од нашата историја. На пример, познати ни се имињата на Христина Сушко и Харитина Пекарчук, кои се бореле во Армијата на УНР (Украинската Народна Република). Во Легијата на Украинските сичови стрелци постоел Женски одред, чиј коорганизатор била разузнавачката Олга Басараб. Меѓу хероите од Втората светска војна, борците на УПА (Украинската востаничка армија) може да се најдат стотици женски имиња. Во современата украинска армија, жените служат рамо до рамо со мажите на првите борбени линии, ги совладале специјалностите на снајперист, митралезец, разузнавач, механичар, инструктор, лекар. Во текот на изминатите 10 години, бројот на жени во украинската армија се зголеми за 15 пати. Затоа, на 14 октомври им честитаме на сите бранители на Украина, без разлика на полот.

Датумот 14 октомври за Денот на бранителите и бранителките на Украина не беше случајно избран. Историјата на овој празник има долга традиција. Празникот Покров на Пресвета Богородица го одбележувале Козаците, за што празникот добил второ име – Козачка Покрова. Украинската армија од 1917-1921 година ги зачувала козачките воени традиции во имињата на воените единици, структури, знамињата, униформите итн. Најдобрите традиции на бранителите од минатото ги наследија борците на модерните Вооружени Сили на Украина. Украинската армија ги негува борбените традиции на своите предци и имињата на хероите, од воините на Киевска Рус и козаците до сите стрелци и воините на УПА.

Ден на бранителите Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.