Поради тешката состојба предизвиката од природна непогода, владата на Република Српска и Федерацијата на Босна и Херцеговина, денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, ден кога земјата ги оплакува жртвите од најголемата природна катастрофа во БиХ.
На јавни места во БиХ ќе бидат одржани пригодни културни манифестации. Медиумските куќи на територијата на БиХ должни се да ја усогласат својата програмска содржина на Денот на жалост, знамињата на државнте институции ќе бидат закачени на половина копје.
Во БиХ властите соопштија за најмалку 27 загинати.
Босанскиот министер за надворешни работи, Златко Лагумџија изјави дека повеќе од 25 отсто од населението на неговата земја е под влијание на најлошите поплави што го погодиле Балканот. Лагумџија објави дека повеќе од 1 милион од 3,8 милиони луѓе во Босна немаат пристап до чиста вода.