Во чест на 15-те загинати по вчерашната експлозија во фабрика во селото Горни Лом, во Бугарија денеска е ден на жалост. Точно на пладне во храмот „Света Недела“ ќе почне службата за нивен спомен.
Во меѓувреме надлежните трагаат по причините за несреќата. Во моментов на терен се одвива истрагата. Дел од експертите коментираат дека причина за експлозијата е човечка грешка, додека пак други тврдат таа се случила поради огромното количество на експлозив.
Инаку од вчера фабриката е затворена, а пристапот до неа е забранет. Според снимките од воздух, двете работилници се изгорени до темел, а на нивното место има длабоки кратери.
Помеѓу загинатите во вчерашната експлозија се 13 мажи и две жени.