Напредок денес во преговорите во Пржино на четирите најголеми партии по посетата на Викторија Нуланд, заменик помошникот државен секретар за Евроазија и Европа при американскиот Стејт департмент.
Продолжување на преговорите е предвидено за утре во 14 часот, според амбасадорот на ЕУ Аиво Орав. Претставниците на партиите Никола Тодоров, Радмила Шеќеринска, Имер Алиу и Артон Груби не дадоа изјави но се очекува до крајот на оваа недела да има конечен договор.
Според договореното денес избори ќе има во ноември но претходно треба да се провери дали се исполнети сите услови а таа проверка ќе се врши во август.
Преговорите се одвиваа околу денот на изборите, медиумите и избирачкиот список. Досега има напредок за медиумите и списокот но станува збор за мал пробив.
Во Пржино денес се разговарало и за специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи за случаите Специјалното јавно обвинителство. Но договор по ова прашање се уште нема.