На конгресот во Битола, албанските интелектуалци донеле заедничка одлука да се усвои стандардизирана азбука со која ќе се пишува на албански јазик.
Денес се одбележува Денот на албанската азбука, празник кој го одбележува донесувањето на единствената албанска азбука на Битолскиот конгрес во 1908 година. Овој значаен датум претставува еден од клучните моменти во развојот на албанскиот јазик, култура и национален идентитет.
Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен комуникациски код на еден народ, за денес да се потсетиме дека јазикот и писмото се темелни вредности коишто го обликуваат колективниот идентитет и ја зајакнуваат духовната поврзаност меѓу генерациите. Почитта кон јазикот и кон писмото на секоја заедница ја зајакнува социјалната кохезија и го сплотува македонското мултиетничко општество. Албанскиот јазик е дел од раскошниот мозаик на различностите што е влог во иднината на нашата заедничка татковина, се вели во празничната честитка на претседателката на Република Северна македонија Гордана Силјановска-Давкова.

