Украинските сили во опколениот Мариупол наводно се подготвуваат за последната битка со Русите кои веќе шест недели со обидуваат да го заземат градот, јавува АФП.
„Денеска веројатно ќе биде последната битка, со оглед дека имаме недостиг на муниција. За некои од нас тоа значи смрт, за некои заробеништво“, се наведува во објавата на Фејсбук од 36-та бригада на маринци на украинските оружени сили и додаваат дека руската војска ги опкружила и потиснала.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека од почетокот на руската инвазија на земјата се убиени повеќе десетици илјади на Мариупол.
„Мариупол е уништен. Десетици илјади лица се мртви, но, и покрај тоа, Русите не престануваат со нападите“, рече Зеленски во обраќањето пред јужнокорејскиот парламент.