Традиционалната поетска манифестација „Скопје чита“ ќе се одржи денеска во Изложбениот салон „Империјал II“.
На манифестацијата, што ќе се одржи шести пат , ќе учествуваат афирмирани и млади писатели на кои им се дава можност да ја претстават својата уметност со новосоздадени книги, со што им се овозможува афирмирање и истовремено вршејќи едукативна функција.
Ќе се одржат и музички настапи на реномирани музичари како и претставување на активното здружение Book Club-Shkupi. Ќе се чита на македонски, на албански и на други јазици. Проектот „Скопје чита” го подготви поетесата Линдита Ахмети.