Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска ќе се одржи прва седница на Собранието по годишните одмори-на дневниот ред 40 предлог закони

0
By Mirjana on September 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 50. седница. На дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи. Ова е прва седница по годишниот одмор на пратениците.

Пратениците треба да гласаат за предлог одлуки за испраќање на војници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ”, Република Либан и „EUTM RCA” во Централноафриканската Република, како и неколку закони во второ читање од областа на животната средина како дополнетиот предлог на закон за управување со отпадот, Дополнет Предлог на закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Дополнет предлог на закон за управување со пакување и отпад од пакување и Дополнет предлог на закон за управување со дополнителни текови на отпад.

На дневен ред се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог на закон за изменување на Законот за метрологијата, Предлог на закон за изменување на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за занаетчиство и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба и други. Пратениците треба да одлучуваат и за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, во второ читање поднесен од владејачкото мнозинство. По скратена постапка се измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, дополнување на Законот за облигационите односи, и други.

На ова заседание е и Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, Предлог на стратегија за родова еднаквост 2021-2026, измени и дополнување на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, на Законот за иновациската дејност сите во прво читање. На дневен ред е и Предлог на закон за лековите, Предлог на закон за парничната постапка, Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, сите во прво читање.

по летен одмор прва седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.