Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денови на медот – нашето поднебје има одлични услови за производство на квалитетен мед од недопрени планински или ливадски предели

0
By Sashko on September 22, 2022 РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Уникатниот микс на Медитеранска и Континентална клима на нашето поднебје создава одлични услови за производство на квалитетен македонски мед, кој потекнува од недопрени планински или ливадски предели, па така бројот на одгледувалишта од година в година сè повеќе се зголемува, се вели во постот на Фејсбук профилот „Вкуси го животот“ (Taste the life).
„Денеска во Северна Македонија постојат околу 7.000 пчелари, со повеќе од 300.000 пчелни семејства кои произведуваат врвен мед, со исклучителни хранливи и лековити својства, како и голем број останати пчелни производи.
Бојата, аромата и вкусот на медот варираат зависно од видот на медоносните растенија во близина на пчеларникот, а меѓу најпознатите во наша земја се планинскиот, ливадскиот и багремовиот мед“, порачуваат администраторите на профилот.
Потоа тие наведуваат неколку видови на мед и совети до граѓаните како да ги препознаат
Планински мед
Се карактеризира со интензивен вкус и арома, темна боја и има јако антибактериско и антивоспалително дејство.
Ливадски мед
Бојата на овој вид мед варира од светло-жолта до нијанси на црвена и содржи природни ензими, минерали и аминокиселини кои ја зголемуваат издржливоста на организмот.
Багремов мед
Ниската стапка на сахароза и високата стапка на фруктоза го прават овој вид мед погоден за лица со дијабетес.
На крајот на постот, тие апелираат до сите заинтересирани лица кои сакаат да пробаат или купат македонски мед или други пчелни производи од македонските пчелари, да ја посетат традиционалната манифестација „Денови на македонскиот мед“ која почна денеска и ќе трае до 30 септември на улица „Македонија“ во центарот на Скопје во организација на пчеларското здружение „Матица“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.