Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерала: Цивил 16 години е вклучен во изборен мониториг и има уникатна методологија на набљудување

0
By Marija Todorovska on April 15, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на организација Цивил, Џабир Дерала во интервју за „Слободен печат“ истакна дека неговата организација има подготвено и презентирано Извештај за досегашниот тек на изборниот процес. Тој додаде дека во тој извештај е нотирано и кршење на избирачкото право кон една група граѓани.

„Во последниот извештај имаше податок дека човековите права и слободи се прекршени, а меѓудругото се однесуваше на тоа дека според информациите што ги соопшти ДИК а го добила од МВР е дека над 1040 граѓани и граѓанки кои првпат гласаат, всушност не ќе може да гласаат во вториот круг и тоа според нас е кршење на гласачкото право. Она што ние постојано го повторуваме е дека државата има обврска да обезбеди максимални услови за секој граѓанин со навршени 18 години и е државјанин на нашата држава, да има можност да гласа, и ако не гласа и еден е многу а не пак 1040. Мислам дека тоа можеше да се реши со една многу кратка постапка во парламентот и да им се обезбеди на сите луѓе можност да гласаат“ рече Дерала.

Тој додаде дека Цивил им стои на располагање на сите граѓани, а за конкретниот проблем смета дека државата има доволно време да донесе соодветно решение.

„Ние им стоиме на располагање на сите граѓани, да се јават во Цивил и ние заеднички ќе се обидеме да најдеме решение за сите проблеми, а за овој проблем за којшто сега зборувам, треба државата да се погрижи, има уште време и може да се донесе некоја мерка со која сите ќе можат да гласаат“ порача Дерала.

Цивил 16 години е дел од мониторингот на изборните процеси, ние од самиот почеток, од 2008 година наваму ние се обидуваме да ги покриеме тие делови во домашниот изборен мониторинг кои не се покриени од домашните организации, порача претседателот на организацијата Цивил Џабир Дерала во интервју за Слободен печат.

„Ние имавме задоволство да соработуваме со многу значајни организации од регионот, но морам да кажам дека од 2021 година Цивил е единствената голема домашна организација која го набљудува изборниот процес и тоа малку ја отежнува нашата работа. Во секој случај нашата методологија е навистина уникатна методологија на изборниот мониторинг од која може да се научи многу дури и на меѓународно ниво. Цивил служи како организација од која се извлекуваат информации и методолошки решенија за тоа како да се спроведе сеопфатен изборен мониторинг. Ова не се наши зборови, ова се зборови на релевантни експерти на меѓународно ниво“ порала тој.

Дерала додаде дека набљудувачите на Цивил се максимално мобилни и дека освен изборачкото место ја набљудуваат и целата ситуација околу.

„Цивил како организација која врши мониторинг на изборите е максимално мобилна организација. Ниту еден набљудувач на Цивил не е статичен, туку е максимално мобилен. Се работи за еден сопфатен мониторинг кој не го набљудува само избирачкото место туку целата ситуација на терен во еден подолготраен процес“ рече Дерала.

Џабир Дерала во денешното интервју за Слободен печат истакна дека граѓаните треба да го искористат правото на глас и да гласаат на претстојните изброи.

Дерала смета дека граѓаните не треба да остват некој друг да одлучува нивната иднина, но и дека на некои политички субјекти им одговара да им помала излезност и сакаат да ги обесхрабрат граѓаните од гласање.

„Ја користам оваа прилика да упатам еден апел до граѓаните и граѓанките да не дозволат некои други да им ја кројат ниту политичката култура, ниту иднината, туку самите да излезат на гласање и да гласаат онака како што ќе одлучат. Се разбира, на многумина во оваа земја не им одговара тоа, се обидуваат да ја намалат излезноста, да ги обесхрабрат луѓето да излезат да гласаат, особено ако не се сигурни за кого ќе гласаат и тука сакам да додадам дека нам во Цивил воопшто не ни е грижа за кого некој ќе гласа, важно е да се излезе и да се гласа“ порача Дерала.

Претседателот на Цивил Џабир Дерала, посочи дека само од почетокот на оваа година, оваа организација има регистрирано и архивирано повеќе од 3.000 различни облици на злоупотреба на јавната комуникација преку социјалните мрежи и медиумите, вклучително и мејнстрим медиумите, телевизиите и националниот сервис.

„Се забележуваат низа сериозни прекршувања: говор на омраза, дезинформации, лажни наративи, националистички пропагандни и антизападни наративи. кога велам антизападни тоа се оние наративи кои се спротивни од македонските национални интереси и македонската државна ориентација.

Се работи за наративи кои всушност и пречат на Македонија да оди понатаму во евроатланските интеграции“, рече Дерала.

избори Цивил Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.