Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деркоски: Државната изборна комисија работеше на законит начин

0
By Нова ТВ on July 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори поднесени од партиите за предвремените парламентарни избори. Членовите на ДИК истакнаа дека работеле согласно Уставот и законите, оти резултатите од изборите се точни, навремени и вистинити, како и дека записниците од резултатите се потпишани од сите членови на избирачките одбори и од општинските изборни комисии и оти на нив нема забелешки во однос на поднесените приговори.

За барањата за рачно броење на гласачките ливчиња, потенцираа дека децении наназад ливчињата се бројат рачно и дека секое ливче се покажува јавно пред сите членови на избирачките одбори.

За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори.

За приговорите на АА и на Алтернативата исто така беше оценето дека не се поткрепени со докази, како и на Демократи, на СДУ, на Интегра, МОРО Работничка партија и на ВМРО-ДПМНЕ. Во приговорите се бараше рачно броење на избирачките ливчиња, увид во избирачкиот материјал, како и во неважечките ливчиња.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека овие две години, Комисијата покажала дека работи врз основа на почитување на законите и дека тоа нема да се промени во ниту еден случај, па ниту во овој случај.

-Ние како ДИК пред нас имаме Изборен законик, имаме Упатство за решавање по приговори. Како ДИК извршивме проверка на целокупниот изборен материја, записници 16 и 21 од сите општински изборни комисии. Во ниеден записник немаше ставено забелешки по причините кои се наведени во приговорите. Одговорно тврдам дека ДИК си ја заврши работа како што треба согласно Уставот и законите. Истовремено ги поздравувам сите кои на Фејсбук и на останатите социјални мрежи мислат спротивно од мене дека можат да продолжат да мислат така, меѓутоа јас одговорно ви кажувам дека нема ниту еден единствен пат да работам спротивно на законите на оваа држава, рече Деркоски.

Вољата на граѓаните, според него, е искажана на изборниот ден, и секој си има право да гласа по сопствено убедување.

-Она што беше приказ на резултатот, тоа ДИК го утврди, го констатира и го објави. Техничките проблеми кои се појавија во текот на објавувањето на резултатите никогаш не влијаат на утврдувањето на резултатите, ниту влијаеле. Броењето на резултатите – не треба да се правиме дека сега првпрат воочуваме дека броиме резултати рачно на секое избирачко место. Тоа го правиме наназад децении, потенцираше претседателот на ДИК на седницата.

Никој не треба да се сомнева во процесот, тврди тој, додавајќи дека на избирачките места има 35.000 членови на изборната администрација но и десетици набљудувачи. Според него, изборната администрација, избирачките одбори, вклучувајќи ги и посебните, и општинските изборни комисии беспрекорно си ја завршиле својата работа што било посочено и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, иако овој процес поради ситуацијата со Ковид-19 се случуваше во тешки и коплексни услови за негова организација.

-Ќе им се заблагодарам за соработката и на политичките субјекти затоа што имавме навистина мирни, фер избори на коишто на крајот од денот секој доби онолку гласови колку што одлучиле граѓаните да добие, оцени Деркоски.

Изминатите денови, како што кажа, ДИК покрај тоа што беше технички била оневозожена со хакерски напад да користи свои ресурси за објавување на првичните неофицијални резултати, била исто така цел на напад на шпекулативни и лажни вести во јавноста се со цел да се наруши кредибилитетот и интегритетот на оваа институција.

-Одговорно сакам да кажам дека оваа институција ја заврши работата на законит начин. Сите луѓе работеа деноноќно за да ја завршат својата работа како што треба. Јавноста не треба да се грижи, туку треба да и верува на ДИК затоа што Изборниот законик не познава манипулација во овој процес затоа што точно определува како се бројат гласаките ливчиња, кој ги брои гласачките ливчиња, на кој начин и како го утврдува резултатот.

ДИК само ги констатира резултатите кои претходно се сумирани и утврдени на самото избирачко место од најмалку десетина луѓе на самото избирачко место. Од тие причини ги демантирам сите шпекулации и лажни вести кои се јавија овие денови, рече Деркоски.

Членот на ДИК Борис Кондарко потенцираше дека Комисијата излезе со точни, навремени и вистинити резултати и дека работи на законит начин. Во однос на барањата за рачно броење на гласовите, Кондарко кажа дека тоа е недозволено и невозможно и оти секое ливче им се покажува јавно на сите членови на избирачките одбори. Се беше во ред до 21 часот, наведе тој, посочувајќи дека реакции имало кога ДИК почнала да ги објавува резултатите.

-ДИК не е шалтер за изгубено и најдено за партиите да ги бараат во ДИК гласовите што им недостасуваат на изборите, рече тој.

Партиите во своите приговори, како што кажа, не доставиле никакви докази, туку во најголем дел од нив се целосно паушални. ДИК работи на законит начин, и освен што партиите со поднесување на вакви неосновани приговори штетат на угледот не само на институцијата, туку и на земјата. Кондарко смета дека Обвинителството кое има формирано Комисија за изборите треба да се позанимава со некои од прилозите во поднесените приговори, бидејќи членовите на ДИК забележале ливчиња кои личеле на фотошопирани, фотомонтажа, преку Фејсбук.

Според Јанакие Витановски, изборите беа фер, слободни и демократски и додаде дека тие се одржаа во услови на пандемија. Резултатите и мандатите што беа објавени се точни, вели тој, а ДИК работи согласно Изборниот законик. – Секој глас си отиде на правото место, рече тој.

Елизабета Постоловска, образложувајќи ја својата одлука за приговорите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека најодговорно тврди дека не пронашла ниту еден доказ што би бил во прилог на овие приговори.

-Јас ги прегледав сите 3480 записници лично од избирачко место и сите 80 од ОИК, сите забелешки во прилог на истите. Најодговорно тврдам дека не најдов никаков доказ, ни најмал основ за некаков  доказ за основаноста на овие приговори, можеби мојата лична желба е поинкава, но јас работам врз основа на докази и врз основа на Изборниот законик, кажа таа.

Подносителите на одбиените приговори имаат право на тужби до Управниот суд по одлуките на ДИК и тоа во рок од 24 часа од добивањето на решенијата. Откако ќе ги прими тужбите Управниот суд е должен да одлучува во рок од 60 часа од приемот. По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени…

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.