Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерковски: Сајтот најверојатно е цел на надворешен напад

0
By Нова ТВ on July 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски за проблемот со веб страницата рече дека најверојатно се работи за обид за надворешен напад и дека тоа не предизвикало никаква реална штета.

-Од она што сум информирам дека се работи веројатно за обид за надворешен напад. Јас не сум ни ИТ експерт, ниту можам да ви тврдам или кажам нешто, меѓутоа додека не се потврди тоа јас не би шпекулирал со други информации, ќе видиме во текот на вечерта или утрешниот ден за што се работи. Без разлика не е оневозможено собирањето на податоците и електронскиот внес и ние имаме информации на време, би рекол, рече вечерва на прес-конференција Дерковски.

Додаде дека имале проблеми со јавната објава на податоците и дека сега технички го премостиле тој проблем, така што има можност да се следите податоците тука  во ДИК, а исто така и преку нивниот Јутјуб канал.

Претседателот на ДИК додаде дека досега имаат обработени околу 70-ина проценти од избирачките места во нашата држава.

– Се работи за, не би шпекулирал сега околу резултатите, не е добро од мене, меѓутоа гледате дека има „мртва“ трка меѓу политичките конкуренти. Во секој случај до крај на вечерта ќе имаме првични неофицијални резултати, рече Дерковски.

Тој повтори дека имавме навистина добар организиран изборен ден без поголеми инциденти. – Можам да им честитам уште еднаш на граѓаните, меѓутоа сакам овој пат да им се заблагодарам и на целокупната изборна администрација, избирачките одбори, општинските изборни комисии коишто ја одработија својата работа во текот на целиот изборен ден, но и сега ја работат и ќе ја работат заедно со нас во текот на ноќта кога ќе биде приемот на материјалот тука во ДИК и до раните утрински часови се со цел овој изборен процес којшто се организираше во исклучително тешка и комплицирана ситуација да го привршиме кон крај, рече претседателот на ДИК.

Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, повеќе од два часа не функционира.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.