Во главниот град на Кенија, Најроби, две експлозии одекнаа едно по друго, при што 10 лица загинаа, а 70 се повредени.
Рачно изработените бомбите беа поставени во две комбиња во непосредна близина на пазар за облека во кој вообичаено има многу купувачи.
Полицискиот командир за Најроби, Бенсон Кибуи, за „Ројтерс“ изјави дека едно лице е упасено во близина на пазарот, а уште едно на друго место, но не даде никакви детали. Никој не ја презеде одговорноста веднаш по нападот.
Во минатото ваквите напади ѐ беа припишувани на екстремистичка милитантна група Ал Шабаб, која бара кениските турпи да ја напуштат соседна Сомалија. Минатиот септември припадници на групата убија 67 лица во напад на шопинг центар во Најроби, а денешниов напад е со најголем број жртви по септемврискиот.
Само еден ден пред нападот, Велика Британија, САД, Франција и Австралија ги повикаа своите државјани кои престојуваат во Кенија како туристи, да ја напуштат земјата поради опасност од терористички напади.
Пред две недели, пак, исто во две експлозии – по една во Најроби и Момбаса, животот го изгубија 7 лица.