Aвио-такси се урна на Аљаска, при што загинале пилотот и деветте патници, пишуваат американските медиуми.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, ја потврди смртта на десетте лица, но се уште не е познат точниот број на патниците кои биле во авионот.
Меган Питер, од полицијата на Аљаска, изјави дека авионот целосно бил во пламен, пред противпожарните служби да стигнат до него.
Се уште не е познато дали несреќата се случила во текот на полетувањето.