Според опсерваторијата во Истанбул, земјотресот чиј епицентар е во Егејското Море, бил со јачина од 6,5 степени, а само шест минути подоцна уследил уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени.
Луѓето панично ги напуштиле своите домови во западните провинции во Турција, вклучитлено во Истанбул, Измир, Денизли и Анталија.
Иако гувернерите на Истанбул и Чанаккале, во одделни изјави, рекоа дека нема жртви или штета во нивните провинции, 30 луѓе во Чанаккале и пет лица во Текирдаг, наводно, биле повредени по скокање од прозорци од нивните домови.
Дваесет лица биле хоспитализирани во Гокчеада поради преживеан шок од земјотресот.
Според првичните информации, британска туристка била повредена на грчкиот остров Лемнос.