Десеттина луѓе загинаа во градот Краматорск, а 30 се повредени во Украина каде утринава продолжија воените операции против проруските сепаратисти, јавува агенцијата РИА.Според информациите што стигаат од таму, сите десет луѓе се цивили.
Украинскиот министер за надворешни работи Арсен Аваков напишал на својот ФБ профил дека украинските сили ја заземале највисоката кула во Крамоаторск, која се наоѓа во близина на Слајанск каде што вчера се водеа најжестоките борби. Жестоките борби вчера се преселија на југот на земјата во милионскиот грда Одеса на Црно Море.
Најмалку 40 луѓе загинале, по исто толку се трага, кога била запалена зградата на Домот на синдикатите каде што биле сместени поборниците на федерализација на Украина. Проруските демонстранти стравуваат дека бројот на жртвите ќе го надмине бројот од 100 загинати.