Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деспотовски: Фаќаме чекор со регионот, само Србија стои подобро од нас во странските инвестиции

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До минатата година платите во ТИРЗ-овите во просек беа пониски од платите во националната економија, иако компаниите во зоните уживаат многу повеќе бенефиции од компаниите коишто оперираат надвор од нив. Очекувам годинава тоа да се промени, вели директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Србија навистина е лидер на регионот во однос на привлекувањето странски инвестиции, но останатите земји од регионот не се на ниво на Македонија. Со членството во НАТО и очекуваниот почеток на преговори со ЕУ, очекувам поголем интерес на инвеститорите за земјава, вели Деспотовски.

– Го фаќаме чекорот со остатокот од регионот, особено со нашиот северен сосед Србија. Во изминатиот период има повеќе фактори да кажеме зошто Северна Македонија заостанува зад Србија. Јас би споменал дека меѓу другото имаше доста отворени политички прашања во периодот до 2017. Членството во НАТО и верификацијата на политичката стабилност на државата придонесе во изминатите, после пандемијата, година дена имаме значително зголемување на интересот од инвеститори, особено до инвеститори со повисока додадена вредност и квалитет, така што еден од факторите што досега, односно до пред неколку години работеше во полза на соседите, меѓутоа не и во полза на државата, сега веќе го нема, изјави Деспотовски.

Тој очекува дека и во 2022 со очекуваниот почеток на преговори за членство во ЕУ ќе имаме дополнителен аргумент, бидејќи секој инвеститор, особено сериозни странски инвеститори кои вложуваат сериозен капитал секако бараат и одредена политичка стабилност.

– Така што очекувам, како што споменав, дека она што го имавме како ситуација да очите повеќе беа насочени повеќе кон Србија, веќе во периодот што следи, односно веќе е случај, да имаме вртење на интересот и кон Северна Македонија. Секако го имам предвид фактот дека Северна Македонија е помал пазар од соседна Србија. Од останатите држави во регионот не би се согласил дека заостануваме, напротив разговаравме за тоа по која методологија се сумираат податоците за странските инвестиции, се покажа дека за дел од државите кои ги споменавте во категоријата на странски инвестиции влегуваат и вложувања кои се поврзани со искористување на рудни богатства, тоа кај нас не го практикуваме, така што ако зборуваме за странски директни инвестиции по разбирањето кое го имаме ние, тоа се да кажеме големи реномирани компании кои доаѓаат, носат технологија, отвораат работни места, повторно кажувам, освен северниот сосед останатите земји во регионот не би можел да кажам дека се на ниво на Северна Македонија, вели Деспотовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.