Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детето на Талат Џафери

0
By Соња Крамарска on February 22, 2023 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА КРАМАРСКА

Шефот на парламентот, највисоката институција на државата, Талат Џафери, денес нервозно ќе извика – и моето дете треба да има права како и сите други луѓе, осврнувајќи се на бурните реакции во јавноста откако „детето“ Барлет, завршен слушател на Академијата за судии и обвинители, стана потенцијален извршител на една од најважните функции во државата – судска и обвинителска. Прашање на денови е кога Барлет ќе ја облече судиската или обвинителската тога и ќе почне со правораздавање – дисциплината по која Македонија не само што не се прослави, туку стигна до дното со 5-6 отсто доверба кај јавноста.

Верува ли некој дека младиот судија или обвинител Барлет, син на претседателот на парламентот и истакнат член на ДУИ, ќе биде објективен и непристрасен во вршењето на функцијата? Јас не!

Еве зошто: Таткото и синот Џафери си дозволија „детето“ со уште нестекнато уверение за положен правосуден испит да се пријави и да биде избран во Академијата за судии и обвинители. Верува ли некој дека тој таму бил избран врз основа на објективни критериуми, покажано знаење и подготвеност да биде обучен за најважната професија во Македонија и дека тој не бил поттурнат од тато да ја помине строгата селекција? Јас не!

Зошто? Затоа што на Академијата редовно се пријавуваат неколкукратно повеќе кандидати отколку што треба да бидат примени.

И затоа што многумина од нив и по неколку пати „паѓаат“ на тестовите за да има место за татините и мамини синови и ќерки. И тие имаат права исто како и синот на претседателот на парламентот Талат Џафери, ама ете не им се посреќува да си ги остварат. Иако на Академијата конкурираат со чисти документи а не со извалканиот потпис од Министерството за правда каде министерот сопартиец на таткото Џафери решил да биде закон над законите и да му издаде „аусвајз“ на синот Џафери. Од тој момент синот на Талат Џафери не е со помали права отколку другите, туку со поголеми.

Се сомнева ли некој дека сите тие што „паднале“ на тестот за прием во Академијата паднале поради незнаење? Јас се сомневам! Паднале затоа што не биле детето на Џафери или на некој друг родител на среќниците кои ќе бидат новата генерација правораздавачи.

Шефот на парламентот може да биде среќен и исполнет. Правото на неговиот син не е нарушено, напротив реализирано е погазувајќи ги правата на стотици други кандидати и во едни крајно компромитирачки околности. Џафери може мирно да спие додека кандидатите кои „не го поминаа“ тестот будни ќе сонуваат за една поправедна држава во кои и тие ќе можат да имаат права како Барлет Џафери, синот на Талат Џафери.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Академија за судии и јавни обвинители синот Блеарт Џафери Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.