НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деца со кршливи коски не можат да добијат лек – 60 деца на листа за чекање за хормон за раст

0
By Менче Атанасова Точи on March 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 30 деца кои имаат проблем со кршливи коски не можат да го добијат лекот„Памидронат“ чиј интервентен увоз заглави некаде во процедурата, а 60 деца се на листа за чекање на терапија за хормон за раст. Поради дискриминација поднесена е преставка до Народниот правобранител

Околу 30 деца кои имаат проблем со кршливи коски не можат да го добијат лекот„Памидронат“, иако со интервентен увоз требаше да го добијат уште во ноември минатата година, тврдат за НОВА, родители на овие децата. Тие не знаат зошто се уште не можат да ја добијат терапијата која требаше да биде набавена по брза постапка.  Овој лек во државата го нема веќе три години, а родителите се принудени да го купуваат во странство.

„Не знам зошто се разлече постапката. Знам дека на фирмата што го увезува беше истечена регистрацијата, но тоа мислам е средено. Родителите се снаоѓаат сами, не секој може да си дозволи да отпатува во странство или да ги порача ампулите. Лично јас го набавувам во Австрија со рецепт од наш лекар и цената зависи од дозирањето. Кај моето дете доза за 3 месеци ја плаќаме 80 евра, “, изјави Александар Петровски, кој е и претседател на Здружението„Раст“, а неговиот син има потреба од овој лек.  

Тој вели дека постојано добива повици од родители чии деца се во тешка состојба и не знаат што да прават. Децата буквално ги држат затворени дома бидејќи при паѓање може да дојде до скршеници и сериозни последици по здравјето.

Неофицијално дознаваме дека процедурата за набавка заглавила во Министерството за здравство каде треба да се состане комисијата, но поради немање кворум, односно бидејќи лекарите не можат да се соберат заедно, постапката со месеци тапка во место. Од ресорното министерство нема потврда за оваа информација, а одговор, зошто процедурата тапка во место не упатија да побараме во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД), како одговорни за оваа постапка. 

Во МАЛМЕД, пак се дицидни дека целата процедура поврзана со овој лек кај нив е завршена.

„Ве известуваме дека за увозна дозвола за интервентен увоз за лекот е аплицирано во ноември минатата година и истата е одобрена. Целата процедура поврзана со МАЛМЕД е завршена“, изјави за НОВА, Висара Риза, директорка на Агенцијата за лекови(МАЛМЕД).

И после овој одговор од МАЛМЕД, од Министерството за здравство следува молк. 

Во исто време, листата на деца кои чекаат на терапија за хормон за раст се зголемува. Од Клиниката за детски болести за НОВА велат дека околу 60 деца се на листата за чекање за терапија со хормон за раст, но оваа бројка беше иста и пред 3-4 години. 

Од здружението велат дека реалниот број е околу 100 тина деца кои чекаат на неопходната терапија. Од таму велат дека лекарите чекаат некое дете да биде исклучено од терапија за да може да ја прима друго. Од Здружението „Раст“велат дека се прави дискриминација на децата поради што поднеле преставка до Народниот правобранител.

 “Поради ненавремено дијагностицирање  и  времето поминато на листата за чекање, многу деца не го примаат хормонот за раст. И покрај правото на лекување, тие се дискриминирани.. Овие деца ако не се лекуваат се соочуваат со многу здравствени проблеми, зголемена појава на срцеви заболувања, депресии, зголемена тежина, мозочни удари.“ вели Петровски, од  Здружението „Раст“.

Од Клиниката за детски болести велат бројот на пациенти е менлив и кога едно дете ќе заврши со терапија, се вклучува друго од листата на чекање. .

„ Кога некој од пациентите ќе заврши со терапија, на тоа место се вклучува пациент од листата на чекање. Во моментов на листата на чекање има околу 60 пациенти. Поради проширувањето на индикациите од професионалните здруженија во САД и ЕУ  постојано се зголемува и бројот на пациенти. Истовремено поради зголемената едукација на педијатрите и лекарите побрзо се откриваат повеќе пациенти кои имаат потреба од вакво лекување“, велат од Клиниката за детски болести.

НОВА праша на Детската клиниката за детски и во надлежното министерство кога ќе се прошири листата на пациенти кои имаат потреба од хормон за раст. Од таму одговорија дека тоа зависи од висината на условниот буџет кој го доделува Фондот  за здравствено осигурување.

„Бројот на пациенти кои се лекуваат со хормонот за раст е во зависност од висината на условниот буџет кој го доделува Фондот за здравствено осигурување.  Одлуката за проширување на листата на пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст, на барање на пациентските здруженија и Клиниката за детски болести, треба да ја донесе Фондот преку висината на условниот буџет“, велат од Клиниката за детски болести. 

Од друга страна, од ФОЗМ со одговор дека секоја година, на крајот од годината има преговори со здравствените установи и тогаш буџетите се коригираат според нивните потреби.

Ова всушност значи дека клиниката треба побара буџет со кој може да ги покрие со терапија сите деца и да нема листи за чекање.

 „Фондот секоја година на крајот на годината има преговори со здравствените установи во врска со утврдување на буџетите на овие установи, при што тие се корегираат согласно нивните потреби. Од година на година буџетите на здравствените установи се зголемуваат врз основа на потребите на самите установи и нивните пациенти. Фондот секогаш е отворен за соработка со здравствените установи како и со здруженијата на пациенти да овозможи подобрување на посточките процедури, како и обезбедување на квалитетни здравствени  услуги за сите наши осигуреници“, се вели во одговорот од ФЗОМ.

Нејасно е зошто Клиниката за детски болести не побарала зголемување на условниот буџет и како се дозволува деца да се ставаат на листа за чекање на терапија.  Условните буџети се утврдени средства кои се наменети за специфични услуги или нови лекови.

Од ФЗОМ велат дека за 2020 година е утврден условен надоместок (буџет) во износ од 50 милиони денари за хормон за раст, нa ЈЗУ Клиника за детски болести и тој е за потребите на 105 деца. Велат дека споредено со буџетот од 45 милиони денари кој бил доделен во 2019 година за оваа намена, ова претставува зголемување од 5 милиони денари.

Вкупниот буџет предвиден за ЈЗУ Клиника за детски болести за 2020 изнесува 460.150.000 денари и споредено со 2019, буџетот за 2020 е зголемен за 71.171.000 денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.