Повозрасните членови од потесното семејство, а не мајката и таткото, се оние со кои најчесто си играат децата, покажуваат податоците што Државниот завод за статистика ги објави по повод 20 Ноември -Светскиот ден на детето.

Според објавените податоци, 32 проценти од децата најмногу играат со таткото, 73 проценти со мајката, а 88 проценти играат со друг повозрасен член на потесното семејство.

Најголем процент од децата или 94 проценти играат со индустриски произведени играчки кои се купени од продавница, додека само мал процент (14 проценти) играат со домашно изработени играчки. Високи 60 проценти од децата наместо со играчки, си играат со предмети за играње од домаќинствата.

Шеесет и два проценти од децата имаат две или повеќе играчки, додека 55 проценти имаат три или повеќе детски книги,